Чифлиганец: Продолжуваме со инвестиции вредни 50 милиони евра
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг

Cifliganec-WEB

Во 2016 година треба да се задржи досегашната стабилна монетарна политика, да се задржи стабилниот цврст курс на денарот и да остане и натаму стабилен банкарскиот сектор во државата.

 

Во 2015 година Адора инженеринг ги реализира најголемите инвестиции во своето 14 годишно работење, со проекти вредни 50 милиони евра вложени во изградба на 1.000 нови станови во неколку објекти во централното подрачје на Скопје. Во време на перманентна глобална криза, овој потврден градежен бренд во 2015 година забележа за 400 % поголема изградба на станови споредено поединечно, со просекот од претходните 12 години. Со храбри одлуки, купувајќи скапи градежни локации и вредни инвестициски проекти, Адора инженеринг во 2015 година е најголем инвеститор во вкупната високоградба во Македонија, каде оваа компанија учествува со 10% во вкупната изградба на станови во Македонија.
Во 2016 година продолжуваме со реализација на нашиот најкрупен и најзначаен инвестициски проект досега, изградбата на уникатниот станбено-деловен комплекс Адора Flatiron Скопје, кој во централната урбана зона на Скопје го носи духот на Њујорк и единствениот стил на квалитетно домување како и можности за бизнис од светски ранг. Адора инженеринг во 2016 година ќе продолжи со реализација на инвестиците проекти од 50 милиони евра започнати во 2015 година, а ќе започне и со нови инвестиции.
Во 2016 година сметам дека не смее да има нарушувања и дека треба да се задржи и натаму досегашната стабилна монетарна политика што во Македонија се одржува повеќе од две децении, да се задржи стабилниот цврст курс на денарот и да остане и натаму стабилен банкарскиот сектор во државата.

Во градежниот сектор верувам дека ќе продолжи и натаму поволната бизнис клима во високоградбата, институциите на државата и општините треба да бидат вистински сервис на бизнис заедницата и граѓаните, а во амбиент на стабилна монетарна политика, банкарскиот сектор да продолжи да ги сервисира граѓаните со поволни станбени кредити за купување на нови станови.

Во наредната година, во Адора инженеринг размислуваме за нов правец на развој, но не по секоја цена, со оглед дека се уште има добри услови за развој и просперитет во областа на високоградбата. Во рамките на компанијата планираме во иднина да посветиме поголемо внимание на преиспитување на ефикасноста во ангажирањето на секој субјект, со цел да се обезбеди навремено и одговорно извршување на конкретните обврски на вработените за реализирање на големите инвестиции, да ги намалиме непотребните трошоци, да се работи подомаќински, а можни се и мерки на рационализација.
Главниот фокус и во 2016 година Адора инженеринг ќе го стави на подигнување на квалитетот на работењето во функција на задоволување на потребите и желбите на нашите купувачи“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×