Членките на ЕУ дадоа зелено светло за трговски преговори со САД
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Една година по студената трговска војна со Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и покачувањето на царините од двете страни, земјите членки на ЕУ постигнаа договор за започнување трговски преговори со САД.
eu sadАмбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера без дебата одобрија да и доделат мандат на Европската комисија за преговори со САД за индустриски производи, додека земјоделските остануваат исклучени од преговорите, барем во оваа фаза.
Европската Унија се надева дека со овој потег ќе се ублажат меѓусебните трговски тензии, иако царините на САД за челикот и алуминиумот и реципрочните европски тарифи за сега остануваат во сила.
Со оглед на чувствителноста на темата од двете страни на Атлантикот, преговорите ќе се водат во фази. Затоа и индустриските производи ќе бидат први на маса, бидејќи во тој дел ставовите се прилично усогласени уште од времето на преговорите за Трансатлантскиот трговски договор (ТТИП), замрзнат по изборот на Трамп.
Потоа, постепено, би можеле да бидат прифатени и американските барања за земјоделските продукти, под услов САД да ги укинат царините за алуминиумот и челикот, да не се закануваат со царини за европските автомобилите и да прифатат отстапки, на пример, во делот на јавните набавки.
Што се однесува до поделикатните прашања, како земјоделските производи, не е исклучено во иднина тие да бидат предмет на преговори, меѓутоа европската јавност е резервирана кон овој потег, пред сѐ поради различните стандарди на квалитет, како што е случај со генетски модифицираните производи во САД.
Најголемиот отпор во ЕУ доаѓа од Франција, каде Владата одбива каква било поврзаност помеѓу сегашните преговори и оние за ТТИП. За таа цел, на барање на Париз, во вчерашниот документ е додаден член за целосно оградување од тој договор.
Мандатот на земјите членки за овие преговори исто така предвидува дека тие нема да можат да бидат проширени без претходно почитување на климатскиот договор од Париз. Парискиот договор ќе мора да биде земен предвид во заклучоците од преговорите, бара ЕУ.
Документот треба формално да биде одобрен в понеделник на Советот на министрите за земјоделство на ЕУ. Франција веќе најави дека ќе гласа против, но нема да може да ги блокира преговорите, бидејќи одлуката се усвојува со квалификувано мнозинство.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×