Членките на ЕУ не постигнаа согласност за преговори за Македонија и Албанија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Земјите членки на Европската унија не успеаја да се согласат за отворање на преговори за зачленување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија, рече попладнево финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен по состанокот со нејзините колеги во Луксембург, пренесува германската агенција ДПА.
CM-Dec-2017_50244_001“Ова не е славен момент за Европа“, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кој додаде дека големо мнозинство земји-членки ја поддржале препораката за почеток на преговорите.
Според Хан нема дилема дека понатамошното одложување ќе наштети на кредибилитетот на ЕУ во земјите од Западен Балкан и како што рече на европските амбиции да станат посилен глобален играч.Тупураинен рече дека за прашањето за датумот за преговори за Северна Македонија и Албанија ќе разговараат лидерите на земјите-членки на ЕУ на состанокот неделава во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×