Човекот и машината не мора да се противници во светот на трудот
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС И ФИНАНСИИ

Humanoid robot YuMi conducts the Lucca Philharmonic Orchestra performing a concert alongside Italian tenor Andrea Bocelli at the Verdi Theatre in PisaНовата ера на пазарот на труд

Се очекува до 2025 година меѓу 10% и 15% од сите работни места да исчезнат како резултат од дигиталната промена на пазарот на трудот. Но, како резултат на навлегувањето на роботите и на другите автономни системи ќе никнуваат нови работни места со интересни профили, зашто од гледна точка на креативноста и взаемното дејство со луѓето, машините ќе заостануваат во долгорочна перспектива. Многу детали сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно – следува голема преобразба на пазарот на труд

 

Луѓето и машините сѐ потесно соработуваат – автономни системи стануваат дел од персоналот на компаниите, а од оваа промена корист може да имаат и работодавачите и вработените, ако се постави на здрави темели.

Ова е прогноза на аналитичари од Siemens AG.

Напредокот во однос на роботите што се користат во индустријата е навистина голем. Тие денеска слободно се движат низ производните хали и работат рака под рака со колеги–луѓе. Благодарение на многубројните сензори и високо развиената вештачка интелигенција тие веќе не се само механички, општи работници. Реагираат флексибилно на опкружувањето и можат, на пример, да препознаат кога човекот со кој работат во двоец се заморува. Тогаш роботот го адаптира заедничкото темпо на работење така што колегата-човек да не се преоптовари.

Светот на трудот на иднината веќе не е толку далечен. Првите роботи со способност за емпатија веќе се реалност, како и интелигентниот софтвер што автоматски пишува спортски новости; или автомобилите што учествуваат во сообраќајот без човек зад воланот. Со други зборови, машините и информатичките системи влегуваат како колеги и помошници во нашиот личен и професионален живот. А тоа, секако, има последици.

Пазарот на труд и дигиталната трансформација

Иако многу детали уште се нејасни, едно е сигурно. Дигиталната промена ќе го преобрази пазарот на труд.

За нискоквалификуваните работни места со голем дел активности што се повторуваат веќе има расположливи автономни системи што можат да ја преземат работата барем делумно. Затоа многу експерти очекуваат дека потребата од човечки труд во ерата на дигиталната трансформација ќе се промени значајно. Професиите што подразбираат рачна активност што се повторува би можеле да отпаднат.

Според истражување на ING-DiBa скоро 60% од германските работни места се под закана од зголемената употреба на нови технологии. Особено силно засегнати, со 86%, се секретарите, следени од општите работници со 85%, како и механичарите, возачите и операторите на машини, со 69%.

Слични очекувања има и McKinsey за оние дејности во САД што бараат само средна квалификација – пред сѐ во канцеларија, во продажба или во производство.

Се очекува до 2025 година меѓу 10% и 15% од сите работни места да исчезнат. Ова е многу поголем пресврт, отколку декади претходно, во кои поради автоматизацијата отпаднале одвај меѓу 4% и 9% од работните места.

Дигиталната трансформација не ги опфаќа сите гранки истовремено. Според анализа на консултантската компанија Roland Berger, информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) во Европа ќе го зголемат својот удел во создавањето на БДП најпрво во автомобилската индустрија и во логистиката, и ќе доведат до фундаментални промени во компаниите. Во „вториот бран“ потоа ќе влезат производството на машини и градежништвото, електроиндустријата, медицинската техника и енергетиката. Со помала драма и со значајно доцнење ќе се приклучат хемиската индустрија, како и авионскиот сектор и вселенските летови.

Навлегувањето на автономни системи во процесите на трудот е претпоставка за оптимизам во компаниите, зашто истражувачите и менаџерите очекуваат раст на ефективноста. Технолошкиот институт од Масачусетс (MIT) пресметува дека времето на „празен од“ на работниците ќе се намали за 85% како резултат на соработката со роботи.

Зголемување на ефективноста во милијарди предвидуваат и експерти на World Economic Forum – на пример, ако во иднина по патиштата патуваат колони од автономни товарни моторни превозни средства. Оваа перспектива веројатно не ги радува многу возачите на камиони, чии работни места би можеле да бидат загубени поради ова. А само во САД нив ги има 3,5 милиони.

Новите професии

За работниците претстојната промена носи и добри и лоши новости. Како и при претходните технолошки промени, како резултат на навлегувањето на роботите и на другите автономни системи никнуваат нови работни места со интересни профили, зашто од гледна точка на креативноста и взаемното дејство со луѓето, машините ќе заостануваат во долгорочна перспектива.

Истражувањето на германскиот Институт за истражување на пазарот на труд покажува дека со Индустријата 4.0 структурната промена ќе се забрзува кон нудење на сѐ повеќе услуги. Затоа, наместо бројот на вработени да се намалува, истражувачите очекуваат засилени движења на работната рака меѓу сектори и професии. Со овие промени е поврзан и растот на создавање додадена вредност, што ќе доведе не само до повеќе макроекономски добивки, но и до повисоки плати поради зголемените побарувања за работна рака.

Во анкета спроведена од консултантската компанија Etventure, кај 2.000 големи компании во Германија со минимален промет од 250 милиони евра годишно преовладува оптимизмот. 23% од анкетираните компании очекуваат раст на работните места, додека 18% допуштаат дека ќе дојде до намалување на бројот на вработените. 59% посочуваат дека очекуваат константен број на вработени.

На пример, во фабриката за електроника на Siemens во Амберг, која постојано се модернизира, бројот на вработени останал константен при осумкратно зголемување на обемот на производство.

Претпоставка за сигурно работно место во иднина ќе биде, пред сѐ, доброто образование. Истражување на Институтот на германската економија покажува дека над 30% од компаниите во следните пет години ќе имаат потреба од поголем број квалификувани вработени.

Ќе се бараат, пред сѐ, добри способности за комуникација и кооперација, професионално и соодветно за компанијата „ноу-хау“, технички/трговски капацитет, ИТ специјализирани знаења и онлајн компетенции. Европската комисија посочува дека во блиска иднина за 90% од работните места ќе биде неопходен извесен степен на ИТ компетенции.

Во крајна линија човекот и машината во светот на трудот не е задолжително да биде двете страни на барикадата. Ако компаниите и вработените ги искористуваат можностите, заедничкото работење на автономни системи и луѓе може да го објави почетокот на нова ера во светот на трудот.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×