Човекот кој ја предвиде економската криза во 2008 вели следната е во 2020
Објавено на од во Економија
Нуриел Рубини, економскиот „пророк“ кој во 2006 година предвиде дека ќе дојде до големата криза во 2008 година, е убеден дека се приближуваме кон нова глобална катастрофа.
рубиниВо коментар за Project Syndicate овој популарен аналитичар ги посочи сите проблеми и констатира дека “се зголемува ризикот од глобална рецесија и кризи во сеуште фрустрираното стопанство”.
Причините за потенцијалната рецесија што треба да се случи во 2020 година, рече тој, во голема мера се поврзани со американската надворешна политика и трговска војна која ја поттикнува претседателот Трамп и непосредната закана од стагфлација – комбинација од зголемената инфлација и бавниот раст.
Според него, неизвесноста почнува да се реализира со тековната ескалација на тензиите меѓу САД и Кина во трговијата и технологијата, што во голема мера ја зголемува веројатноста за глобална рецесија.
“Додека трговските војни и потенцијалните нафтени шокови претставуваат ризик на страната на понудата, тие исто така ја загрозуваат агрегатната побарувачка, а со тоа и растот на потрошувачката, бидејќи царините и повисоките цени на горивото го намалуваат расположливиот доход”, рече тој. “Со толку неизвесност, компаниите веројатно ќе одлучат да ги намалат капиталните трошоци и инвестициите”, додаде тој.
Рубини смета дека е поверојатно дека Федералните резерви, како и другите големи централни банки, ќе ги намалат каматните стапки како одговор на претстојната економска криза.
Сепак, промените во политиката на централната банка нема да бидат доволни за да се спречи глобалната рецесија, рече тој, како што беше случајот со “големата рецесија” од 2009 година.
Во такви околности, доволно сериозен шок може да предизвика глобална рецесија, без оглед на тоа што прават главните централни банки, предупреди Рубини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×