Cisco не гледа конкуренција во „евтината“ компјутерска мрежа што ја развива Facebook
Објавено на од во hi-tech & business

Откако од Facebook објавија дека постигнале голем напредок во напорите да изградат нов вид компјутерска мрежа, со компоненти што самите ги развиле и се подготвени да ги делат со другите заинтересирани, се огласи доминантниот играч во индустријата на компјутерските мрежи, Cisco.

„Во моментов не гледаме конкуренција од „белата етикета“ (white label) или „белата кутија“ (white box), ниту таква ќе имаме во иднина“, изјави извршниот директор на Cisco, Џон Чемберс.

Тој очекува дека корисниците и понатаму ќе се одлучуваат за продуктите од Cisco, наместо од конкуренцијата, што и не ја признава за таква – „едноставно, поради безбедноста, зашто во друг случај (ако се одлучат да го заменат Cisco, н.з.), корисниците ќе се соочат со ризици“.

„На овој план ние ќе ја уништиме „белата етикета“ – безбедноста е пред сѐ. Доволен е еден пробив на безбедноста на мрежата и вашиот бренд или компанија ќе претрпат голема штета“, изјави Чемберс.

Инаку, планови за мрежа каква што развива Fecebook имаат и други компании, кои велат дека нивните мрежи се поевтини и полесни за менаџирање од традиционалните (на Cisco).

Cisco таквите мрежи ги нарекува „white label“ или “white box”, што значи дека компаниите што ги развиваат користат процесори набавени од продавачи како Broadcom, наместо „кастм-мејд“ чиповите што Cisco ги развива за своите производи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×