Connect with us

банки

Citibank по грешка им исплатила речиси една милијарда долари на кредиторите на Revlon

објавено

на

Голема нервоза деновиве во американскиот банкарски гигант

Citibank тужи во моментов неколку финансиски корпорации коишто се кредитори на козметичката компанија Revlon, а чиишто исплати на кредитните обврски банката ги администрирала. Citibank по грешка им префрлила 900 милиони долари – многу повеќе одошто само месечните камати и сега си ги бара парите назад, но некои од кредиторите на Revlon не сакаат да ги вратат, затоа што компанијата е западната во криза поради пандемијата и има проблеми да го враќа кредитот.

Citibank има голем проблем, како што пишува CNN. Една од најголемите банкарски групации во светот со седиште во Њујорк, по грешка префрлила 175 милиони долари на сметката на инвестицискиот – хеџ фонд Brigade Capital Management, а фондот одбива да ги врати парите.
Банкарскиот гигант поднел и тужба пред њујоршкиот надлежен суд барајќи си ги средствата назад, за коишто е кажано дека се трансферирани поради „оперативна грешка“. До затворање на овој текст, најнова вест беше дека судот наредил замрзнување на тие 175 милиони долари до донесување на конечната пресуда.
Citibank во тужбата наведува дека намерата им била да префрлат 1,5 милиони долари како камата на кредитот што фондот ѝ го дал на козметичката компанија Revlon, којашто е во криза. Наместо тоа, банката му префрлила на Brigade Capital речиси 120 пати повеќе пари од своите резерви. Но, главоболката е уште поголема, затоа што банката исплатила по грешка дури 900 милиони долари и на други кредитори на Revlon.
Досега, околу половина од оваа сума Citibank успеала да ја поврати, но за останатите пари ќе води борба преку судовите и со други кредитори, коишто не сакаат да ги вратат парите, како што се HPS Investment Partners и Symphony Asset Management, коишто веќе од претходно пак, се судат со Revlon околу тактиките на козметичката фирма за реструктурирање на нејзиниот долг кон нив.

Citibank, којашто ја има функцијата на административен агент на кредитот на Revlon, во тужбата наведува дека фондот одбива да ги врати парите.
„Brigade неосновано тврди дека Citibank всушност со трансакцијата го исплатила целиот износ на кредитот“, навела банката во тужбата.
За да го поткрепи ова тврдење, банката приложила и порака наводно испратена од страна на Brigade Capital која вели дека „не е воопшто јасно дека парите биле префрлени како резултат на грешка на некој службеник“.

Brigade: Како може по грешка да префрлат речиси една милијарда долари?!

Од Citibank велат дека постапката на фондот е неразумна и бараат од судот да го присили да ги врати парите.
“Секаква друга одлука ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем и ќе ги награди оние што сакаат да профитираат од грешките во редовното работење“, вели банката во жалбата. Оттаму велат и дека веднаш ја воочиле грешката и се обиделе да преземат соодветно дејство со цел да си ги повратат средствата.

Од Brigade пак велат дека на кредиторите законски им следи секој цент што од Citibank го добиле во име на Revlon, како и дека не можеле да знаат оти исплатата била по грешка.
„Citi не ни укажа веднаш дека е грешка во трансферот на парите, туку еден ден подоцна. Во самиот трансфер не се забележуваше грешка, затоа што сумите беа точно толкави колку што е главницата плус каматата. Просто е неверојатно како таква софистицирана институција како Citibank може да трансферира речиси една милијарда долари, во точната сума на достасаните обврски од кредитниот договор од 2016 година, и тоа по грешка“, објаснувале од Brigade Capital пред судот.

Кривична одговорност доколку трошите пари што по грешка стигнале на вашата сметка

Неочекуваните приливи на пари во принцип не значат среќа за обичните Американци, затоа што банките вообичаено си ги бараат назад парите што по грешка ги префрлиле на нечија сметка. Во зависност од регулативата на сојузните држави, клиентите може да се соочат со кривично гонење доколку ги трошат парите што им се по грешка префрлени. Минатата година во Пенсилванија, брачната двојка Роберт и Тифани Вилијамс се соочија со кривични пријави за измама и кражба откако потрошиле 120 илјади долари што нивната банка им ги префрлила по грешка на нивната сметка.
Инаку, во 2016 година американската козметичка куќа Revlon ја купи Elizabeth Arden, уште еден голем американски козметички бренд, за 1,8 милијарди долари – зделка што беше финансирана преку кредити, во коишто учествува и Brigade Capital. Според договорот за кредитот, Citibank ги прибира уплатите на ануитетите од Revlon, што потоа им ги префрла на кредиторите.
Козметичките брендови претрпеа сериозни загуби за време на корона пандемијата, затоа што луѓето долго време седеа затворени дома и трошеа помалку на шминка и сл. Акциите на Revlon од 27 долари во октомври лани, паднаа на 7,7 долари деновиве.
Во својата жалба, Citibank наведува дека Brigade Capital немал никаква причина да очекува толкава исплата од Revlon.
„Практично нема компанија, а особено не од типот на Revlon, која што се соочува со финансиски тешкотии поради пандемијата, што одеднаш ќе исплати толкава сума на кредитор.“, велат од Citibank.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг4 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг4 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет5 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!