Citibank му префрлила по грешка 175 милиони долари на инвестициски фонд и сега не може да си ги поврати парите
Објавено на од во Компании
Американскиот банкарски гигант требало да префрли 1,5 милиони долари како камата на кредитот што хеџ фондот Brigade Capital ѝ го дал на козметичката компанија Revlon, којашто е во криза. Наместо тоа, банката му префрлила на фондот  120 пати повеќе пари од своите резерви, што Brigade сега одбива да ги врати.
citi-bank-e1467305109253-710x458
Citibank има голем проблем, како што пишува CNN. Една од најголемите банкарски групации во светот со седиште во Њујорк,  по грешка префрлила 175 милиони долари на сметката на инвестицискиот – хеџ фонд Brigade Capital Management, а фондот одбива да ги врати парите.
Банкарскиот гигант поднел и тужба пред њујоршкиот надлежен суд барајќи си ги средствата назад, за коишто е кажано дека се трансферирани поради „оперативна грешка“.
Citibank во тужбата наведува дека намерата им била да префрлат 1,5 милиони долари како камата на кредитот што фондот ѝ го дал на козметичката компанија Revlon, којашто е во криза. Наместо тоа, банката му префрлила на Brigade Capital речиси 120 пати повеќе пари од своите резерви.
Citibank, којашто ја има функцијата на административен агент на кредитот на Revlon, во тужбата наведува дека фондот одбива да ги врати парите.
„Brigade неосновано тврди дека Citibank всушност со трансакцијата го исплатила целиот износ на кредитот“, навела банката во тужбата.
За да го поткрепи ова тврдење, банката приложила и порака наводно испратена од страна на Brigade Capital која вели дека „не е воопшто јасно дека парите биле префрлени како резултат на грешка на некој службеник“.
Brigade Capital не дал коментар за настанот, а од Citibank велат дека постапката на фондот е неразумна и бараат од судот да го присили да ги врати парите.
“Секаква друга одлука ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем и ќе ги награди оние што сакаат да профитираат од грешките во редовното работење“, вели банката во жалбата. Оттаму велат и дека веднаш ја воочиле грешката и се обиделе да преземат соодветно дејство со цел да си ги повратат средствата.
Неочекуваните приливи на пари во принцип не значат среќа за обичните Американци, затоа што банките вообичаено си ги бараат назад парите што по грешка ги префрлиле на нечија сметка. Во зависност од регулативата на сојузните држави, клиентите може да се соочат со кривично гонење доколку ги трошат парите што им се по грешка префрлени.
Инаку, во 2016 година американската козметичка куќа Revlon ја купи Elizabeth Arden, уште еден голем американски козметички бренд, за 1,8 милијарди долари – зделка што беше финансирана преку кредити, во коишто учествува и Brigade Capital. Според договорот за кредитот, Citibank ги прибира уплатите на ануитетите  од Revlon, што потоа им ги префрла на кредиторите.
Козметичките брендови претрпеа сериозни загуби за време на корона пандемијата, затоа што луѓето долго време седеа затворени дома и трошеа помалку на шминка и сл. Акциите на Revlon од 27 долари во октомври лани, паднаа на 7,7 долари деновиве.
Во својата жалба, Citibank наведува дека Brigade Capital немал никаква причина да очекува толкава исплата од Revlon.
„Практично нема компанија, а особено не од типот на Revlon, која што се соочува со финансиски тешкотии поради пандемијата, што одеднаш ќе  исплати толкава сума на кредитор.“, велат од Citibank.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×