Citroen C3: 400.000 продажби за помалку од две години
Објавено на од во Автомобилизам

За неполни две години од неговото лансирање, новиот C3 веќе достигна 400.000 продадени возила, вклучувајќи 160.000 од почетокот на годината, со што ова возило е најпродаваното од Citroën. Во Европа, се бележи пораст на  бројот на нарачки од 12% само во првото полугодие, со што новиот C3 се вбројува во листата на ТОП 5 од својот сегмент. 

400000_C3_ENG

 

 

 

 

 

 

Промовиран пред помалку од две години, во ноември 2016 година, новиот C3 досега има веќе продадено 400.000 парчиња, вклучувајќи 160.000 од почетокот на 2018 година. Третата генерација од ова повеќенаменско  градско возило од Citroën, ужива голем успех, со зголемување на продажбата за 12% во Европа само во првата половина од 2018 година, со што новиот C3 се вбројува во ТОП 5 од својот сегмент.

Најпродаваното возило од гамата на Citroën, новиот C3 е прво возило кое придонесува за новата продажна офанзива на компанијата: во првото полугодие од 2018 година, меѓународната продажба на Citroën забележа зголемување од 9% (во споредба со првата половина од 2017 година) со најголем удел во Европа за овие 7 години.

Заводливата моќ на Citroën C3 е илустрирана со богат производствен микс коj го прави ова возило најпримамливото возило за купувачите:

  • околу 40% од нарачките се со највисокото ниво на опремeност (3-то ниво Shine)
  • над 65% од продадените возила се со опцијата bi-ton
  • над 55% од продадените возила се со Airbump®
  • речиси 25% од продадените возила се со избрана боја на внатрешноста на возилото

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×