CNN почнува со вести во виртуелна реалност
Објавено на од во hi-tech & business

Американски CNN, кој е дел од концернот Time Warner, објави дека стартувала секција наменета за дистрибуција на вести во технологијата за виртуелна реалност. Одделот што ќе работи на овој нов начин на снимање и пренесување вести од целиот свет доби и свое мрежно место (cnn.com/vr), а освен тука, своите содржини ќе ги пренесува и преку новата платформа CNNVR, достапна преку iOS и Android апликации, како и преку специјализирани решенија за Samsung GearVR, Oculus Rift и Google Daydream.

CNN има екипи базирани во големите светски центри (Њујорк, Лондон, Јоханесбург, Токио, Пекинг …), кои оттаму ќе ги покриваат најзначајните настани од сите делови на светот, ќе ги снимаат во 360°, и ќе им ги пренесувани на гледачите секоја недела.

Последнава година CNN на овој начин пренел над 50 настани, кои само преку можноста на Facebook за гледање VR видеа ги следеле над 30 милиони луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×