Coca – Cola го купи синџирот кафетерии Costa Coffee за 5,1 милијарди долари
Објавено на од во Компании

Coca – Cola со оваа аквизиција за првпат влегува на пазарот со кафе напитоци, сакајќи да го компензира падот на продажбата на газираните сокови. 

180831093019-01-coca-cola-costa-coffee-split-780x439

Кока – Кола (Coca – Cola Co.) го купи британскиот синџир на кафетерии Costa Coffee за 5,1 милијарди долари, јавува денес Bloomberg. Ова е најголемата аквизиција на Кока – Кола во последниве осум години, со која што гигантот во производство на газирани сокови влегува за првпат на пазарот за кафе пијалаци.

Сопственикот на Коста Кофи, британската компанија Whitbread Plc (инаку сопственик на неколку угостителски и хотелски синџири, како Premier Inn, Table Table, Beefeater и др.) се согласи да ја продаде Коста, којашто менаџира со повеќе од 3.800 кафетерии во 32 земји (најблиску до Македонија, Коста Кофи има локали во Бугарија и Грција), попрво одошто да направи спин – оф на фирмата, како што беше првично планот.

Годишните продажби на Coca – Cola се во опаѓање од 2012 година наваму, како што вели Bloomberg, и компанијата со седиште во Атланта влегува на пазарот за кафетерии за да ја надомести помалата побарувачка за газирани и други безалкохолни пијалаци. Тие го прават овој потег и покрај тоа што конкуренти, односно синџири кафетерии од рангот на Starbucks, JAB  и други, веќе почнаа да затвораат многу локации.

“Топлите пијалаци се еден од сегментите во целокупниот спектар на оваа индустрија каде што досега немавме глобален бренд“, рече по повод аквизицијата Џејмс Квинси, главен извршен директор на Кока – Кола Компани.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×