Cover story: Економски проценки за најголемите извозни пазари
Објавено на од во COVER STORY

Cover 895Македонскиот извоз во 2017

Нарачките од ЕУ неизвесни, извозот во регионот ќе паѓа

Странската побарувачка за македонски производи следната година ќе се зголеми за 1,7%, проценува Народната банка во својот најнов извештај и притоа предупредува на можни негативни ефекти од процесот Брегзит кај некои од нашите најголеми трговски партнери. Тоа значи дека нарачките од некои земји кои што може да бидат најпогодени од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, се неизвесни и може да се намалат. Имајќи ја предвид структурата на македонскиот извоз и фактот што во првите десет месеци од годината, дури 47% од извозот е всушност во Германија, најбитно ќе биде какви се проценките за раст на германската економија. Капитал ги анализира проекциите за економски раст, извоз и увоз на десетте најголеми извозни партнери на Македонија.

 

Cover 895 tabela

Странската побарувачка за македонски производи следната година ќе се зголеми за 1,7%, проценува Народната банка во својот најнов извештај и притоа предупредува на можни негативни ефекти од процесот Брегзит кај некои од нашите најголеми трговски партнери. Тоа значи дека нарачките од некои земји кои што може да бидат најпогодени од излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, се неизвесни и може да се намалат.

„Одредени негативни економски ефекти од одлуката за излез на Велика Британија од ЕУ се вградени во проекцијата за 2017 година, за кога се предвидува забавен раст на странската побарувачка од 1,7%, за разлика од априлската проекција од 1,9%, при што најголемиот надолен придонес произлегува од намалените оценки за економскиот раст на Германија и на Италија. Се очекува дека економската активност кај нашите трговски партнери ќе се засили во 2018 година, за кога се предвидува дека растот на странската побарувачка ќе достигне 2%“, пишува во извештајот на Народната банка.

Имајќи ја предвид структурата на македонскиот извоз и фактот што во првите десет месеци од годината, дури 47% од извозот е всушност во Германија, најбитно ќе биде какви се проценките за раст на германската економија. А светските економисти се загрижени дека токму Германија може да биде една од земјите што најмногу ќе ги почувствува негативните последици од Брегзит на сопствена кожа.

Капитал ги анализира проекциите за економски раст, извоз и увоз на десетте најголеми извозни партнери на Македонија.

Cover 895 ramka
Позитивни проценки за извозните партнери

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот последен извештај од октомври годинава проценува дека германската економија следната година ќе порасне за 1,4% што е забавување во споредба со очекуваниот економски раст од 1,7% годинава. Извозот на германски производи според ММФ ќе се зголеми за 3,2%, додека пак увозот за 4,2%.

Сепак и овие проекции од денешна перспектива изгледаат неизвесни особено затоа што не може да се предвиди колку силен потрес ќе предизвика излегувањето на Велика Британија од ЕУ, која што е трет најголем извозен пазар на Германија и варирањето на вредноста на британската фунта.

Некои институти за економски истражувања веќе предупредуваат дека економскиот раст може да се намали за најмалку 0,25 процентни поени.

Македонските извозници што доминантно продаваат на германскиот пазар, пак, велат дека веќе склучиле договори за извоз во првите неколку месеци од 2017 година.

„Побарувачката од Германија за текстилни производи засега е стабилна, па дури може да се каже и дека се зголемува, меѓутоа, проблематично е што домашните текстилни компании немаат капацитет да одговорат на бараниот обем на работа бидејќи се соочуваат со недостиг на работници. Иако се стравува дека Брегзит може да има негативни влијанија врз германската економија, засега нашите партнери склучија договори со нас за следната сезона. Освен од Германија, има зголемени нарачки и од Турција, Швајцарија и неколку други земји“, вели Ангел Димитров, генерален директор на текстилната компанија Мода.

Втор најголем извозен партнер на Македонија според статистичките податоци за десет месеци годинава, е Бугарија, но на овој пазар се продаваат само 5,1% од македонските производи наменети за извоз.

Според проценките на ММФ, бугарската економија следната година ќе порасне 2,8% што е сепак попесимитичка проценка во споредба со годинашнава од 3%. Извозот од Бугарија се проценува да се зголеми за 3,5%, додека пак увозот за 3,8%.

Трет најголем извозен пазар со удел од 4,4% од вкупниот извоз стана Косово. Според проценките на ММФ, косовската економија во 2017 година ќе порасне 3,3%, за разлика од проекцијата за годинава од 4%. Извозот се проценува дека ќе се зголеми за 9,1%, а увозот за 5,6%.

Четврта на листата најголеми извозни пазари на Македонија е Србија, но за нас еднаков пазар по големина како и Косово. Проценките за српската економија се забрзување на растот од 2,5% годинава на 2,8% догодина, пораст на извозот за 8,8% и на увозот за 6,2%.

Првите пет најголеми извозни пазари, на кои што се продаваат 65% од производите наменети за извоз, ги заокружува Белгија. Оваа земја прв пат влегува во петте најголеми извозни пазари на Македонија, и тоа откако една од најголемите белгиски компании во земјава Ван Хоол го зголеми производството и почна да гради нова фабрика. Проценките на ММФ за белгиската економија се раст од 1,4%, зголемување на извозот за 3,9% и на увозот за 4,1%.

Меѓу првите десет пазари каде што најмногу се продаваат македонски производи се Италија, Грција, Романија, Шпанија и Босна и Херцеговина.

За сите нив ММФ има позитивни проценки за економскиот раст, па дури и за Грција, Италија и Шпанија кои што во последните неколку години се соочија со сериозни последици од должничката криза.

Интересно е што извозот од Македонија во некои од земјите од регионот се намалува, па така тие од најголеми извозни пазари станаа помалку битни за македонските компании. Статистиката покажува дека во првите десет месеци, евидентиран е пад на извозот од 11,7% во Бугарија, 5,4% во Италија и 3% во Грција.

Меѓутоа, економистите коментираат дека официјалната статистика може да даде по малку искривена слика за извозот од Македонија поради наглото зголемување на извозот од технолошко индустриските развојни зони.

Според проценките на директорот на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), Виктор Мизо, во првите десет месеци од годинава, фабриките од зоните извезле производи во вредност од околу 1,5 милијарди евра, што е над 40% од вкупниот извоз од земјата. Тој очекува до крајот на годината оваа бројка да достигне две милијарди евра.

Менаџерите на домашните извозно – ориентирани компании, пак, се песимисти кога треба да дадат проценка за следната година.

„Извозот од Македонија следната година ќе се намали од 3% до 5% и притоа зборувам за домашните извозно ориентирани компании исклучувајќи ги странските фабрики од зоните. Тоа што се намалува извозот во некои од нашите најголеми трговски партнери, особено на Балканот, и што покажува дека ние реално го губиме овој пазар, е последица на политиката на овие земји да има даваат предност на локалните производители пред странските добавувачи. Без оглед колку и да сме поевтини, во Бугарија или Србија предност имаат бугарските и српските производители. Освен тоа, политичката криза во Македонија уште толку повеќе ги комплицира трговските односи со нашите партнери“, вели генералниот директор на Раде Кончар ТЕП, Горан Антески.

Cover 895 01
Политичкиот ризик најголем

Пред крајот на оваа, сосема неизвесно е како ќе се развива економијата следната година, а најголем ризик од денешна перспектива е политичката нестабилност.  Иако парламентарните избори завршија, сепак политичката неизвесност продолжува и понатаму се додека не се формира стабилна влада.

А токму тоа ги загрижува меѓународните финансиските институции според кои што ќе биде и главниот ограничувачки фактор за економскиот раст.

„Политичката ситуација останува главен ризик фактор на краток рок, додека зголемениот фискален ризик поради брзото темпо на раст на државниот долг може негативно да влијае на среден рок“, оцени неодамна Светска банка во еден регионален извештај во кој се анализира и состојбата во Македонија.

Според проценките на оваа институција, економскиот раст догодина може да достигне најмногу 3,7%. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пак, проценува дека растот во 2017 година ќе биде околу 3,5%.

Прогнозата на Народната банка е исто така економски раст од 3,5%.

„Се очекува по изборите состојбите да се нормализираат и во 2017 година да има стабилизирање на домашното опкружување“, изјави гувернерот Димитар Богов додека ги преставуваше новите проекции за економијата.

Бизнисмените велат дека без оглед кој ќе формира влада, за да ја извлече економијата од оваа криза, политичарите ќе мора да преземат неколку итни мерки за бизнисот кои што вклучуваат навремено плаќање на обврските на државата кон приватните фирми, намалување на бирократијата, инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура на земјата.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×