Credissimo со број 1 клиентска услуга во онлајн кредитирањето и уште многу Новогодишни изненадувања
Објавено на од во Компании

Компанијата е со најдобра клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS

Pr - Tombola N1 service-01

 

Со титулата “Најдобра услуга“ помеѓу компаниите за брзи кредити се здоби Credissimo, само 2 години откако официјално ја започна својата дејност во Македонија. Истражувањето за квалитетот на клиентската услуга, помеѓу небанкарските финансиски друштва во државата – “Таен клиент“, беше спроведено меѓу 5-те најпопуларни компании од секторот, кои нудат брзи кредити онлајн. Со идентични прашања и критериуми, беа направени 15 проверки за квалитет, љубезност, информираност и прозрачност кон клиентот по телефон, од страна на една од најголемите интернационални агенции за маркертинг истражувања – IPSOS, која има над 50 интернационални претставништа и е класирана во топ 5 компании за истражувачки услуги во светот.

“Среќни сме што после само 2 години од нашата експанзија на македонскиот пазар, успеавме да се докажеме како најклиентски ориентирана компанија. Високиот квалитет на услугата за нашите клиенти и целосен фокус кон апсолутна прозрачност се водечката филозофија на нашата компанија. Во Бугарија сме лидери веќе долги години во онлајн кредитирањето и клиентската услуга. За нас е чест, што ја постигнавме таа позиција и во Македонија, давајќи решение за неколку минути на луѓето кои имаат неодложни потреби. Веруваме дека со воведување на добрите практики, кои веќе ги имаме од долгогодишното искуство во брзото кредитирање, ќе повлијаеме позитивно на целиот сектор и компаниите во него.“ – коментира Георги Руков, Директорот на интернационалниот бизнис развој, на Credissimo.

Заедно со добрите вести за компанијата, Credissimo ја објави и својата новогодишна кампања заедно со заштитното лице, Лила Филиповска. За да ги израдува своите клиенти повторно, во новогодишната наградна игра, компанијата ќе раздаде 7 гифт картички за шопинг во Сити Мол и големата награда 5 звезден СПА викенд во Банско, Р. Бугарија. Потенцијален добитник во наградната игра е секој клиент кој подигнал Credissimo Плус до 80 000 ден., од 10.12.2018 до 27.01.2019 година. Извлекувањата ќе бидат направени на неделна база по случаен принцип, а кон крајот на Јануари, ќе биде извлекувањето на главната награда. Повеќе за наградната игра може да научите на www.credissimo.mk.

Credissimo е ФинТек групација од компании со над 10 годишна успешна историја, која е абсолутен лидер во онлајн кредитирањето во Бугарија и Македонија, а од минатата година се развива успешно и во Полска. Компанијата го продолжува својот интернационален развој и во Јужна Америка, каде што за неколку денови ќе започне со работа и ќе го одобри и својот прв кредит во Колумбија. Во текот на 2019-та година, ФинТек групацијата планира да ја одржи лидерската позиција на постојаните пазари, како и да продолжи да вклучува технолошки иновации во своите компании и процеси на работа.

За успешниот развој, групата од компании има три основни темели – технологија и иновации во финансирањето, фокус кон клиентските процеси и развој на самиот човечки ресурс во рамките на групацијата.

* Проучувањето “Таен клиент“ е спроведено од IPSOS, интернационална компанија за маркетинг истражувња. Спроведени се вкупно 15 проверки по телефон помеѓу 5 конкурентски компании, кои нудат брзи кредити по телефон. Резултатите се валидни за услугата по телефон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×