д-р Исак Адижес: Менаџирање во време на криза и што потоа
Објавено на од во МАГАЗИН

Glavna fotka menagmentВебинар со д-р Исак Адижес во организација на М6 Едукативниот центарод Скопје

Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, д-р Адижес преку својата методологија и своето долгогодишно искуство ги претстави личните согледувања и совети за менаџирање компании, но и на државата за време на кризниот период, како и по неговото завршување. По официјалниот вебинар со д-р Исак Адижес на кој беа приклучени повеќе од 400 учесници од нашата држава и регионот се одржа уште еден вебинар за претставници на Владата, бизнис заедницата и партнерите на М6 Едукативниот центар.

 

М6 Едукативниот центар организираше бесплатно предавање за македонската јавност со д-р Исак Адижес, еден од најценетите консултанти на држави и компании во светски рамки. Онлајн предавањето на реномираниот бизнис и организациски консултант, д-р Исак Адижес на тема „Менаџирање во време на криза и што потоа“ предизвика огромен интерес во јавноста, особено кај претприемачите и носителите на одлуки во домашните компании.
Во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во модерната историја, д-р Адижес преку својата методологија и своето долгогодишно искуство ги претстави личните согледувања и совети за менаџирање компании, но и на државата за време на кризниот период, како и по неговото завршување. Д-р Адижес отвори теми кои ретко се дискутираат во компаниите, а се круцијални за раст и развој и за надминување на кризата, а тоа се основите на секој систем, индивидуа, семејство, компанија, држава.
„Взаемната почит (признавање на правото на различност), довербата (верување дека другата страна го носи и мојот интерес во срцето, не само својот), културата и идентитетот треба да се наша предност. Македонија треба да е дијамант на Балканот и на посетителите да им нуди незаборавно искуство!“
Во однос на иднината, „Вештачката интелигенција веќе ги надминува капацитетите на човековиот ум. Иднината на бизнисите и човештвото е во СРЦЕТО. Ги надминавме мускулите и мозокот. Само работата со срце и од срце може да донесе развој, опстанок на оваа планета”, порача д-р Адижес.
Adizes menagment-2Да се идентификуваат пет најбитни проблеми во државава
По официјалниот вебинар со д-р Исак Адижес на кој беа приклучени повеќе од 400 учесници од нашата држава и регионот се одржа уште еден вебинар за претставници на Владата, бизнис заедницата и партнерите на М6 Едукативниот центар. На оваа онлајн дебата се дискутираше како нашата држава да излезе како победник од кризата и како да одговори на предизвиците со кои се соочува. Д-р Адижес даде неколку конкретни совети, но и генерална порака до сите партии: „Потребна е интеграција на сите политички партии, ќе треба час поскоро да ги идентификуваат најбитните пет проблеми во државата и заеднички да го најдат решението – тоа е нивна заедничка одговорност.“
Д-р Исак Адижес е роден во Скопје и е еден од најангажираните и најреномирани предавачи и консултанти во светот. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји.
М6 едукативниот центар е водечки регионален центар за трансформација и развој на општеството преку континуирано впивање и стимулирање на знаење, иновативност, креативност и култура во секојдневното живеење и работа на поединците, компаниите и институциите.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×