д-р Сања Дубровска
Генерален Директор на “CFO Pharma”- Македонија
Капитал: Г-ѓа Дубровска, компанијата со која раководите е ново име на македонскиот пазар. Што беше пресудно за “CFO Pharma” да се позиционира и кај нас, и како започна процесот за влез на македонскиот пазар?
Дубровска: CFO Pharma Македонија е ново име на локалниот пазар, но стоиме на цврста основа од докажано регионално присуство. Нашата приказна во Македонија започна со огромна инвестиција во сопствен – современ објект кој ги исполнува сите фармацевтски стандарди.
Инвестицијата би рекла дека не е не само во простор, туку и во технологија, инфраструктура и поставување на стандарди. Се работи за целосно опремен административен и логистички центар, кој е во согласност со европските барања за добра дистрибутивна практика. Целта беше да создадеме база која ќе поддржи долгорочен раст и развој, и која ќе биде платформа за проширување во други сегменти на пазарот.
Капитал: Пазарот во Македонија знае да биде предизвикувачки. Какво е вашето искуство досега и кои се очекувањата за понатамошниот развој?
Дубровска: Секој пазар има свои специфики, но морам да кажам дека македонскиот пазар е регулиран и тоа е голема предност. Регулациите овозможуваат фер конкуренција и заштита на потрошувачите, што е особено важно кога станува збор за здравјето.
Ние веруваме во правилата и во долгорочното присуство, затоа и ни одговара транспарентен и контролиран систем.
Фармацевтскиот пазар во Македонија последниве години бележи стабилен раст, поддржан од законска регулатива, усогласена со европските стандарди, и зголемен интерес за присуство на домашни и странски компании. Иако пазарот е ограничен по обем, неговата транспарентност, контролирани услови и развиената мрежа го прават атрактивен за нови инвестиции, особено во сегментите на дистрибуција на дермокозметика, додатоци во исхраната и генерички лекови.
Присуството на меѓународни брендови, отворањето на нови компании и интересот за регистрација на нови фармацевтски производи покажуваат дека Македонија станува сериозен играч на регионалната фармацевтска карта. Истовремено, сè поголема е и потребата од стручни кадри – фармацевти, референти за регулатива и медицински претставници, што дополнително ја стимулира трансформацијата на секторот.
Како што расте свесноста кај потрошувачите, така расте и барањето за квалитетни производи, едукативен пристап и брендови со доверба – што претставува нова фаза во развојот на фармацевтската индустрија во земјава.

“Фармацевтскиот пазар во Македонија последниве години бележи стабилен раст, поддржан од законска регулатива, усогласена со европските стандарди, и зголемен интерес за присуство на домашни и странски компании. Иако пазарот е ограничен по обем, неговата транспарентност, контролирани услови и развиената мрежа го прават атрактивен за нови инвестиции, особено во сегментите на дистрибуција на дермокозметика, додатоци во исхраната и генерички лекови.
Присуството на меѓународни брендови, отворањето на нови компании и интересот за регистрација на нови фармацевтски производи покажуваат дека Македонија станува сериозен играч на регионалната фармацевтска карта. Истовремено, сè поголема е и потребата од стручни кадри – фармацевти, референти за регулатива и медицински претставници, што дополнително ја стимулира трансформацијата на секторот.
Капитал: Кој е вашиот најголем адут во однос на конкуренцијата?
Дубровска: Без двоумење – квалитетот. Тој е темел на целокупното работење. Секој производ што го пласираме поминува низ сериозен систем на контрола, и сакаме да бидеме препознаени по тоа. Не брзаме со агресивни пазарни настапи – сакаме доверба изградена врз резултати.
Компаниите кои вложуваат во квалитет, транспарентност и едукација се оние што добиваат доверба на долг рок. Конкуренцијата претставува здрав механизам на пазарот, таа поттикнува развој, мотивира и создава услови за фер пазарни правила.
Свесни сме за квалитетот што го нудиме и цврсто веруваме дека клиентите многу брзо ќе ја препознаат вистинската вредност на нашите препарати.
Нашата производна линија опфаќа иновативни фармацевтски решенија, развиени според највисоки стандарди за безбедност, ефикасност и врвен квалитет.
Зад секој од овие производи стои внимателно обликуван процес, инспириран од страст, знаење и безрезервна посветеност од тимот кој континуирано работи на унапредување на корисничкото искуство, со фокус на создавање долгорочно задоволство кај клиентите.
Вработените се највредниот капитал во нашата компанија – па така нашиот тим е составен од извонредни фармацевти и стручњаци кои не само што поседуваат високо ниво на знаење и експертиза, туку и вистинска страст кон професијата. Станува збор за мотивирани професионалци кои секојдневно придонесуваат со идеи, енергија и посветеност, и кои ја споделуваат истата визија за развој, иновации и квалитет. Горди сме што изградивме средина во која се негуваат соработката, меѓусебната поддршка и професионалниот раст, што овозможува секој поединец да го даде својот максимум. Тимот кој денес е дел од нашата компанија е двигател на нашиот раст. Како што ја прошируваме нашата дејност и навлегуваме во нови деловни сегменти, овој тим ќе продолжи да се зголемува, развива и надградува.
Нашата визија не би можела да се оствари без нив, бидејќи длабоко веруваме дека токму човечкиот капитал е најсилната алатка на секоја успешна компанија.

Капитал: Кои се следните чекори на “CFO Pharma”-Македонија на нашиот пазар?
Дубровска: Започнуваме со медицински козметички линии – дерматолошки италијански производи со високи стандарди и специфична намена, одобрени од регулаторните тела во ЕУ. Тоа ни е првиот чекор, но одиме понатаму. Во моментов, активно работиме на регистрација на лекови и суплементи, што ќе ја означи следната важна фаза во нашето позиционирање. Тоа е важен процес кој претставува клучен чекор кон нашата долгорочна посветеност за унапредување на здравствениот систем и обезбедување на квалитетна терапија за пациентите.
Веруваме дека здравјето и убавината се неразделни – затоа понудивме производи кои не само што го поддржуваат телесното здравје, туку и ја истакнуваат природната убавина, со фокус на квалитет, безбедност и научно потврдени формули.
Активно работиме на поврзување со здравствените професионалци, за да бидеме достапни до секој граѓанин од секој регион на нашата држава.
За нас, ова не е само бизнис – ова е визија за подобро утре, изградена врз знаење, квалитет и доверба.
Капитал: Како менаџер, на кој начин обезбедувате интерни стандарди и политики што овозможуваат ефикасно и одговорно управување во рамки на една фармацевтска компанија?
Дубровска: Од менаџерски агол, сметам дека стабилноста на една компанија зависи од тоа колку е прецизно поставен системот на корпоративно управување. Кога нема јасно дефинирани улоги и одговорности, неизбежно се јавуваат оперативни застои и недоразбирања. Затоа е клучна добро поставената структура – каде секој знае што работи, а секторите делуваат усогласено.
Да се биде жена на лидерска позиција несомнено носи свои предизвици – од очекувања, преку стереотипи, до постојана потреба за докажување. Но, она што мене ме води низ сето тоа е односот што го градам со мојот тим и соработниците. Верувам во довербата, отворената комуникација и заемната почит. Секој вработен за мене е партнер во успехот, а не некој кој само добива работни задачи. Сакам луѓето со кои работам да чувствуваат сигурност, мотивираност и вреднуваност, затоа што само така компанијата може вистински да расте.
Лидерството за мене не е контрола – туку инспирација и поддршка.

“Започнуваме со медицински козметички линии – дерматолошки италијански производи со високи стандарди и специфична намена, одобрени од регулаторните тела во ЕУ. Тоа ни е првиот чекор, но одиме понатаму. Во моментов, активно работиме на регистрација на лекови и суплементи, што ќе ја означи следната важна фаза во нашето позиционирање. Тоа е важен процес кој претставува клучен чекор кон нашата долгорочна посветеност за унапредување на здравствениот систем и обезбедување на квалитетна терапија за пациентите.
Капитал: Која би била Вашата порака до читателите и македонската јавност?
Дубровска: Квалитетот, интегритетот и долгорочната посветеност се темелите на кои стои “CFO Pharma”. Нас не нè препознаваат по зборови, туку по резултати. Довербата се гради со време – и ние внимателно го минуваме секој чекор на тој пат.
Пробајте некој од нашите производи и лично уверете се во квалитетот кој го нудиме. Нашата мисија е да го поддржиме вашиот животен стил – од секојдневната грижа за здравјето и убавината, па сè до специфични здравствени состојби кои бараат соодветна терапија. Ние нудиме ефективна и безбедна козметика, нутритивни суплементи со докажано дејство, како и фармацевтски решенија што го следат вашиот пат кон подобро здравје.
Нека ве служи здравјето – а ние ќе бидеме вашиот сигурен партнер на тој пат.




















