„Да останам или да заминам“- 5-та Ротари конференција за професионална ориентација
Објавено на од во Компании

Rotari
Доаѓа делот од годината кога матурантите стојат пред големата одлука за тоа каде да го продолжат образованието и кој факултет да биде одлучувачкиот фактор во исцртувањето на нивната професионална надградба. Глобализацијата сè повеќе ги отвора портите кон светот и младите непречено можат да патуваат и да го продолжат своето образование и надвор од својата земја. Се разбира таквата одлука носи свои предности но и недостатоци. Вештината да се препознаат сопствените капацитети и очекувања  ја има главната улога во донесувањето на оваа клучна одлука.

За таа цел  на 8 април, сабота со почеток од 11:00 па се до 15:00 часот, во просториите на Meѓународното училиште НОВА по петти пат ќе се одржи конференцијата за професионална ориентација, која оваа година го носи насловот „Да останам или да заминам“.

Настанот е во организација на Ротари клуб Скопје – Камен Мост, кој традиционално петта година по ред со помош на вакви активности ја изразува својата поддршка на младите талентирани луѓе, помагајќи им  да ги остварат своите потенцијали. На конференцијата  ќе бидат одржани говори и дискусии на етаблирани професионалци од различни сфери кои несебично ќе ги споделат своите искуства и практики.  Ќе бидат опфатени теми на речиси сите професионални области кои ги засегаат потенцијалните академски граѓани, како што се: архитектура и градежништво, бизнис и финансии, здравство и медицина, инженерство, медиуми и маркетинг, право, образование, уметност и дизајн.

„И оваа година се одлучивме да го организираме овој настан за кој веруваме дека ќе биде од исклучителна важност за младите во донесувањето на една од поважните одлуки во нивниот живот. Свесни сме дека ова е чувствителна тема и пред да ја донесат својата конечна одлука корисно е да им овозможиме услови за отворена меѓусебна  дискусија, но и разговори со стручни лица од различни професионални области. На годинешната тема ќе се осврнеме повеќе кон можностите за студирање и работење надвор од нашата земја, но и предностите да се продолжи овој процес во Македонија. Би сакал да ги поканам сите заинтересирани средношколци да се пријават за да земат учество и заеднички да поразговараме за овие важни теми“, изјави Иван Новаковски, член на Ротари клуб Скопје Камен Мост.

Оваа конференција досега ја имаат посетено повеќе од петстотини средношколци од дваесетина училишта, и истата преку прашалник е оценета како успешна и извонредно корисна. Местата за настанот ќе се пополнуваат според редоследот по кој ќе пристигнуваат пријавите на info@nova.edu.mk. Програмата на конференцијата е достапна на сајтот на Meѓународното училиште НОВА www.nova.edu.mk .

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×