Да се заштитиш од злото или да умреш од болест, прашањето е сега?
Објавено на од во lifestyle

Исидор БлејлицаИмав два избора: Да умрам во мири тишина, онака како што Србија почитува и сака да се умре или заради децата да се обидам да живеам без дигнитетизложена на секоја сељачина и примитивец кои ме мразеа и пред тоа – што заради шапките, што заради патувањата, што заради тоа што отворено зборував за се.

 

Веќе подолго време сметам дека би било во ред да го напишам ова писмо, не затоа што сметам дека би требало на некому нешто да му објаснувам, туку заради тоа што знам дека ова сознание ќе спаси нечии други животи.

Целиот тек на мојата болест го знаете, но она што не го знаете се најновите научни испитувања кои покажаа дека хиперсензибилните личности почесто оболуваат од автоимуни болести. Во Австрија, многу сериозни терапевти, потполно поинаку ги третираат хиперсензибилните личности.

Кога седум месеци се лечев во Македонија во “Аџибадем Систина” одев повремено кај една жена која работеше стара македонска енергетска масажа. Ја стави раката на мојот соларен плексус и ми рече:“Знаеш ли што е твојата главна причина за болеста?”.“Што?” ја прашав. “Премногу силно чувствуваш се, посебно неправдата и злото, и не си можела веќе да издржиш…”.

Два избора

Се замислив…Имаше вистина во тоа. Моето последно писмо кое си го напишав себеси пред да откријам дека го имам најагресивниот облик на еден од најсмртоносниот рак во 3Б фаза, беше токму набројување на се она што веќе не можев да го поднесам во својата околина, земја, планета…

Толку лаги, предавства, зло, љубомора, мачење, неправда…Кога заради алергија не можев повеќе да го продолжам лечењето во Србија и морав да одам во Швајцарија, имав два избора:Да умрам, во мир и тишина “дигнитивно”, онака како што Србија почитува и сака да се умре или заради децата да се обидам да живеам без дигнитет, изложена на секоја сељачина и примитивец кои ме мразеа и пред тоа – што заради шапките, што заради патувањата, што заради тоа што отворено зборував за се.

Колку пати заради тие примитивци посакав да не сум јавна личност и да отидам на некој пуст остров.
Ги погледнав  Вила и Лав и искрено немав веќе сила за овој страшен свет, беше полесно да се замине. Велат дека ракот е потсвесна желба за смрт на оние кои не можат веќе да издржат на овој свет.

Значи, ги гледав Вила и Лав и срцето ми се кршеше – немав право да не се обидам да останам со нив уште некое време во овој суров свет. Им беше потребна мајка, беа скршени од болка, од терапиите, од лошите прогнози..И беа чувствителни исто како и јас.

Кога на мојата терапевтка Соња Симоновска и предочив се за себе, кога ги прочита моите книги “Спас” и “Сама”, ми рече дека спаѓам во категоријата на хиперсензибилни луѓе. А хиперсензибилните, очајот заради оние кои ги повредуваат го вртат кон самите себе…

Два вида на луѓе

Да, тоа е тајната зошто добрите луѓе се разболуваат, а оние лошите и зли никогаш. Тие не се автодеструктивни. Тие едноставно својот очај, својот недостаток на љубов, својата арогантност и глупост ги манифестираат, така што ги повредуваат другите луѓе.

Со било која личност да зборував која боледува од рак или некоја автоимуна болест, сценариото беше секогаш исто. Голема тага, голема несреќа, големи разочарувања и нивната душа и срце сето тоа го примале многу силно и тешко го поднесувале.

И кога ни даваат најдобри лекови и терапии, не не учат како да се вратиме во суровиот живот, оној страшен суров живот полн со луѓе желни за повредувања од кои сме се разболеле.

Во многу европски држави имаат почнато посебни терапии за хиперсензибилни луѓе со автоимуни болести…
На Балканот е уште најстрашно, било да сте јавна личност – како да сте јавно wc, каде секој може мирно преку интернет да ви посака смрт, или да не сте јавна личност – повторно ќе бидете повредени на работа, во соседството, во продавница, на улица…Бидејќи бесните луѓе лесно ја излеваат својата омраза и бес, тие ќе се испразнат, а вие уплакани ќе си отидете дома. И од тоа вашиот метаболизам почнува да страда.

Хавајските шамани велат дека е доволно да сме само три дена несреќни за да се создаде болест во нашиот организам. Не можеме ние хиперсензибилните луѓе да станеме дебелокожци како оние кои не повредуваат. Но, можеме да научиме како, наизглед, проблемот да го претвориме во предност…

Заштитете се од злото

Знам дека постојат луѓе кои велат дека им е баш гајле што другите мислат и ним им завидувам. Јас, напротив, сум во состојба покрај две илјади позитивни и преубави коментари да се расплачам заради порака на некој социопат кои ми посакува да умрам…И така е со секој човек кој трпи болка, навреда, неправда…

Ме боли неправдата на целиот свет, ме боли крутоста, злобата, љубомората, а линчот на масите не можат да го поднесам уште од градинка. Ако спаѓате во оние личности кои се чувствуваат пресилно, кои не можат да се помират дека светот е полн со лоши, нечувствителни, манијакални и груби луѓе, време е да направите нешто за да го заштитите своето здравје.

Бидејќи и оној манијак кои ги убил децата во Америка, и овие што со секира убиваат по Србија, и оние кои сеат омраза, злоба и бес преку телевизија и интернет – сите тие ќе направат вашите органи да на работат правилно.

Затоа, пред да тргнете да го спасувате светот – спасете се себеси, за да тратете за вашите деца.

Јас таа лекција не ја знаев и се уште ја учам. Се уште одново и одново се шокирам дека постои зло во некои луѓе и се уште одново и одново се расплакувам на секоја неправда и грубост…

Овој свет е страшно убаво место. Но, во него покрај останатите малцинства, постојат и хиперсензибилни луѓе.

One thought on “Да се заштитиш од злото или да умреш од болест, прашањето е сега?

  1. vo tekstot bi se prepoznale mozebi malkumina, za zal, no za srekja istite tie ke bidat motivirani da bidat podobri i povnimatelni kon sebe si vo idninai ! Fala Isi :*

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×