Сe е исто во македонската економија и сe ќе биде исто и во наредните години ако не се промени структурата на креирање на Буџетот и на БДП (бруто-домашниот производ). Буџетоте дефиниран над 6,5 милијарди евра (историски највисок, но и многу висок буџетски дефицит кој ке се покрива со нови задолжувања). Инаку неговото височество – македонскиот буџет, е неколку кратно дуплиран во последните две децении. Како и со кои приходи!? Е тоа е „кодирана македонска умешност„.
Не е јасно како и на основа на кој потенцијал на приходната страна!? Што е тоа тоа што драматично се менува во приходите освен што се продлабочува буџетскиот дефицит, а македонскиот долг кон надвор расте секоја година.
Второ, како расте нашиот БДП (Бруто домашен производ)? На која логика …? И зошто расте многу споро, со осцилации нагоре, надолу, но упросечено за цел период на независноста во просек растел меѓу 1% и 2% или нешто над 2%.
Главното прашање кое треба да биде и цел на оваа анализа е како да расте повеке. Минимум 5% до 6% за да се почуствува посилен економски исчекор ….
Сè си е исто во македонската економија со децении …
На страниците на Капитал во последните 25 години постоење овој магазин за бизнис и политика, многу инвеститори, основачи, директори, професори, министри и премиери зборуваа отприлика исто. Со таа напомена што директорите и инвеститорите секогаш изразуваа недоверба дека нешто суштински ке се промени. Редовно беа во право.
Останува и понатаму нашиот проблем да се дебатира за новите мерки и политики со цел да се донесат најдобрите мерки кои ќе можат најбрзо да ги зголемат извозот и инвестициите. Да отворат нови работни места (да се плаќаат придонеси и да се спасува пензискиот фонд) и да го забрзаат економскиот раст.
Системско поттикнување на инвестициите и стимулации за сите инвеститори на цела територија на Македонија поддршка на домашната побарувачка и извоз (преку субвенционирани потрошувачки кредити за купување од домашни фирми и финансиска поддршка на изградба на продажни капацитети во странство).
Окрупнување на земјоделските поседи и зголемување на конкурентноста преку субвенционирање на здружено и поголемо производство инвестирање во изградба на нова и реновирање на постојната патна и железничка инфраструктурата преку задолжување во странство или давање под концесии.
Реформа на Буџетот и зголемување на делот од Буџетот за јавни и капитални инвестиции (нивна целосна реализација а не потоа кратење преку ребаланси). Притоа, да не се заборави дека најголемата капитална јавна инвестиција на една искрена Влада е инвестицијата во образованието на сите нивоа. Целосно реализирање на планираните инвестиции укинување на царината за увоз на опрема и суровини и репроматеријали кои не се произведуваат во Македонија.
Капитал правел анкети со бизнисот за очекувањата за секоја следна година. Така и оваа само што сега не сакаа да им се споменува името …
Во меѓувреме се си е исто во македонската економија со децении … Доминацијата на металургијата и текстилната индустрија во извозот. Со примеси на земјоделски производи, и нафта. Недоволна за економски раст. Целата економија живее на производството во пет компании од металуршкиот сектор, на вработувањето што го остваруваат неколку десетици текстилни фабрики (сега забрзано затварање на тој сектор и зависност на работници од Далечниот исток од што пак направивме проблем), како и на социјалниот мир што се купува преку стотиците милиони евра одвоени како субвенции за земјоделците (ИПАРДОТ ни го затворија заради мизерна корупција на една бирократска свиња што резултираше со блокада на 130 милиони евра годинава).
Државата и натаму останува најголем и најпосакуван работодавач, потрошувач и увозник. Граѓаните не се откажаа од потрошувачките навики, поради кредитните картички. Сето тоа придонесува за ваквиот БДП да се одржува во живот, претежно заради зголемената домашна потрошувачка. Токму затоа БДП е мал и никако да мрдне повеке години по ред на повисоки стапки. Далеку е од потребни 5% и повеке во поголем број години по ред.
Сите извештаи на добри познавачи посочуваат дека финансиското посредување и администрацијата имаат носечка улога во домашната економија. Производствените гранки замираат. Финансискиот сектор бележи раст годишно од 20%. Банките се полни се пари, а на теренот не се гледа евидентен раст на компаниите. Македонските компании тешко доаѓаат до евтини пари (кредити). Надеж беа последни кредити што од Унгарија дојдоа, но и таму некако – никако.
БДП
Имаме ниско ниво на инвестиции во нови производни капацитети, енергетика и инфраструктура.
Професор на Економскиот факултет во Скопје кој побара да остане анонимен вели дека секторите кои ја носеа економијата годинава ќе бидат главни и следните години. “Немаше ниту една поголема домашна инвестиција во производство, која би можела да ја промени структурата. Металургијата, текстилната индустрија, земјоделството и, во еден мал дел, нафтениот сектор и понатаму ќе останат столб на македонската економија”, објаснува тој.
“Ако сега почне некоја поголема инвестиција, додека инвеститорот го направи проектот, ги добие сите дозволи, изгради фабрика и ги стави во погон машините ќе поминат неколку години. За нејзиното производство да има ефект врз економијата и сериозно да влијае врз структурата на производството, потребни се повеќе од пет години. Ова е децениски проблем поврзан и со многу корупција, смета тој, објаснувајки ги важните причини за застојот во домашните инвестиции и се прашува „како тогаш да зборуваме за капацитет на македонските компании да ги процесираат кредитите од Унгарија. Тие ке останат заглавени во банките ако се има во предвид дека се бараат новите кредити да бидат врзани со нови конкретни проекти.
За раст на економијата во овој момент се потребни поголеми инвестиции на државата во инфраструктурата и во енергетиката, сметаат експертите.
“Ако нема доволно електрична енергија, не може да работат производствените капацитети и инвеститорите нема да вложуваат. Ако е скапа увезената струја, исто така ќе влијае врз нивните трошоци и нема да им биде исплатлива инвестицијата”.
Не сум оптимист дека во наредните 15 години ќе се промени сликата на главните столбови на македонската економија. По кризната 2009 година, кога БДП беше во минус, и растот од околу 1% денес, и со ваков менталитет на носење економски политики, со многу бизарна дневна политика, и деструктивно многу корупција и криминал БДП во следните години ке тапка во место. Македонија вака не може да се развива и тоа на секому треба да му биде јасно.
Како расте БДП во Македонија?
Растот на БДП во последниот секогаш се должи на потрошувачката на граѓаните и на државата. Бруто инвестициите учествуваат на високо ниво. Увозот е сеуште поголем од извозот, што значи дека ефектот на извозот врз БДП е нула. Ова значи дека македонскиот БДП се потпира на потрошувачката, а не на индустријата и извозот.
За економски да и тргне на државата потребни се фундаментални промени на економската политика, која веќе 20 години не дава резултати. Челниците на најголемите металуршки компании сметаат дека се водат погрешни економски политики и дека се потребни поголеми инвестиции во инфраструктурата.
Државата не менува ништо во интерес на б и з н и со т и нема инвестиции во инфраструктурата, ниту во образованието, што е од особена важност за конкурентноста на компаниите и на економијата.
Други, пак, сметаат дека во отсуство на потребните реформи во државната администрација и бизнис-климата, немањето инвестиции во реалниот сектор, ненаменското трошење на парите од Буџетот не водат кон раст и развој на земјата.
“Веќе 30 и повеќе години од осамостојувањето на економски план потфрламе и стоиме во место. Основните претпоставки за развој на Македонија во идниот период треба да се движат во насока на создавање услови за привлекување повеќе инвестиции и зголемување на конкурентноста на нашата економија, со цел да оствариме повисоки стапки на раст. Свесни сме дека сето тоа не се постигнува преку ноќ. Намалување на трошоците и подобрување на конкурентноста важна улога игра и енергетската инфраструктура, односно интерконекциите за електрична енергија со земјите од регионот и гасификацијата како алтернативен извор на енергија, објаснува еден од најголемите домашни инвеститори.
Понатаму, извозот, но оној од домашните инвестиции и компании претставува еден прозорец кој може да го забрза економскиот раст, да генерира нови инвестиции и работни места. Извозот е значаен дел од нашата економија. Македонија извезува околу половина од својот БДП, а 90% се реализира во земјите од ЕУ и Западен Балкан. Потребни се кредитирања во прецизно дефинирани домашни сектори и компании.



















