Даблин ќе стане нова финансиска престолнина по Брегзит
Објавено на од во Економија

Според британските судски документи, банката сака на овој начин да ја задржува можноста да понуди инвестициски услуги во ЕУ.

dublin

Поради Брегзит, Даблин ќе стане финансиска престолнина, ќе привлекува банки, инвестициски фондови и правни фирми со седиште во Велика Британија.

Тие имаат голем интерес да останат во Европската унија по 29-ти март. Според студијата на Ернст и Јанг, Даблин е на прво место во преференциите на финансиските компании кои сакаат да се постават во ЕУ, пред Амстердам, Франкфурт и Париз. 27 компании се обврзале да ги преместат своите вработени или активности во ирскиот главен град од 2016 година.

Меѓу нив е и Банката на Америка, Мерил Линч, која во декември се приклучи на британските и ирските филијали и го претвори Даблин во “Главен банкарски центар во Европа”. Во јануари британската банка Баркли доби зелено светло од судот за пренос на 190 милијарди евра средства на ирската подружница.

Данокот за компаниите е само 12,5% во Ирска, која ќе биде единствената англиското говорно подрачје земја во Унијата, по излегувањето на Велика Британија. И Даблин е само на еден час возење со авион од Лондон.

Ирскиот премиер Лио Варадкар не се двоумеше да пофали земјата во говорот овој месец како “единствена влезна врата кон ЕУ и вкупниот нејзин пазар”. Ако сепак средствата акумулирани во Ирска, би требало да се зголемат, тогаш последиците за вработување изгледаат негативни, особено имајќи предвид дека Брекзит можеби ќе остави без работа уште 55 000 лица, според прогнозите на Министерството за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×