Дачиќ: Персоналот на амбасадата ќе се врати следната недела – амбасадорката подоцна
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека Белград ќе ги преземе сите мерки да ги заштити српските интереси во Македонија и истовремено ќе ги преиспита способностите и капацитетите за извршување на работите на амбасадата во Скопје во актуелните услови.

„Веќе следната недела, по состаноците што ќе ги имаме овде и разговорите со претседателот Александар Вучиќ, дел од персоналот на амбасадата ќе биде вратен во Скопје, а амбасадорот ќе се врати подоцна кога ќе ги завршиме сите консултации што треба да ги направивме овде во Белград“, вели Дачиќ во изјава за Танјуг.

Според него, вработените во амбасадата на Србија во Македонија се повлечени бидејќи „недвосмислено, со јасни докази е утврдено засилено офанзивно дејствување кон Република Србија“, во кое, како што вели, е присутен и странски фактор.

„Ќе преземеме мерки за да се подготвиме за работа во едно такво опкружување“, рече Дачиќ, нагласувајќи оти Србија сака добри односи со Македонија.

Посочи дека на оваа тема денеска разговарал со претседателот Вучиќ и со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Дачиќ вели дека српското МНР вчера го известило МНР на Македонија за повлекувањето на целокупниот персонал од амбасадата во Скопје на консултации во Белград.

„Ние недвосмислено сакаме добри односи со Македонија. Сакаме да градиме добри односи затоа што сме соседи, затоа што имаме многу заеднички интереси и затоа што сме два блиски народа. Но, наша обврска е да ги заштитиме нашите интереси и во согласност со тоа ќе ги применуваме основните дипломатски принципи во меѓународните односи, односно принципот на реципроцитет во сите области“, изјави Дачиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×