Дачиќ: Рускиот гасовод е главната причина за политички притисок врз Белград
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
“Западот притиска поради развојот на односите на Белград со Русија и со други земји”, рече српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, во интервјуто за телевизијата РТ.
дацикШефот на српската дипломатија истакна дека Белград веќе сенавикнал да му се врши притисок од странство.
- Ние сме отпорни на притисок. Запад ќе има забелешки за секоја тема. Воведовме безвизен режим со Кина – Западот е против. Го воведовме со Индија и Индонезија – Западот е против. Со Русија – повторно против. Ние потпишуваме договор за слободна трговија со Евроазиската економска унија – исто така против. Кога Србија воспоставува односи, не е погодна за Западот. Кога Хрватска, Унгарија и Германија имаат пријателски односи со Кина, Западот не се спротивставува – рече Дачиќ.
Министерот додаде дека двојните стандарди важат за неговата земја.
- Германија и Северно-европските земји можат да го користат гасот што тече низ “Северниот поток”, а Србите не треба да купуваат руски гас – има негативно влијание врз нив! Т.е, тоа не влијае на Германците и другите! Двојни стандарди. И ние постојано се соочуваме со нив – се пожали дипломатот.
Дачиќ, исто така, рече дека Србија веќе почна да поставува 400 километри гасоводот Турски тек и изрази надеж дека “сè ќе биде добро и дека нема да има пречки во Бугарија”. Според министерот, рускиот гасовод е главната причина за политички притисок врз Белград, но “никој друг на Србија не и нуди гас”.
Проектот “Турски тек” предвидува изградба на гасоводна мрежа со капацитет од 15,57 милијарди кубни метри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×