Дачиќ: Вучиќ постојано го лажат дел од странците и Албанците од Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Досегашното искуство покажува дека дел од меѓународната заедница и Албанците од Косово го лажат претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и не сакаат компромис, туку признавање на независноста“, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Не постои уцена што може да ја натера Србија да ја признае независноста на Косово“, изјави Дачиќ за РТС, додавајќи дека Приштина и меѓународната заедница треба да се изјаснат дали постои или не Бриселскиот договор.

„Јас го потпишав со Кетрин Ештон и со Хашим Тачи, а никогаш немаше да го потпишам ако во него не стоеше одредница за Заедницата на српски општини (ЗСО)“.

Дачиќ вели дека Србија поради договорот направила низа отстапки, меѓу другото и интеграција на српските во косовските институции, што сега, како што рече, се доведува во прашање по одлуката на Приштина да не го примени договорот за ЗСО.

„Неприфатливо е после пет години и натаму да расправаме дали некој ќе го примени Бриселскиот договор“, изјави Дачиќ, додавајќи дека формирањето на ЗСО не може да се одложува во недоглед.

Тој оцени и дека дел од меѓународната заедница нема намера да бара компромис.

„Тие мислат дека за да влеземе во Европската унија ќе ја прифатиме еднострано прогласената независност на Косово. Треба на секој што мисли дека некој тоа ќе го направи да му биде срам. Каква е таа земја што себе си тоа би си го дозволила?“, изјави Дачиќ, додавајќи дека „нема стабилност во регионот без компромис со Србија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×