Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Најавениот притисок врз Северна Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ, имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос“.
миотакисДалгариан во анализата под наслов „Што може да очекува Америка од надворешната политика на новата грчка Влада“, наведува дека со Преспанскиот договор Атина стави крај на „за многумина странци тривијалниот спор со Скопје“ околу Македонија, име и територија што беа од централно значење за грчкиот национализам уште од формирањето на современата грчка национална држава.
Авторот на текстот потсетува дека по победата на неодамнешните избори, Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски“ во културата, јазикот и производите.
„Но, притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат Северна Македонија во двата сојузи“, наведува Далгариан.
Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името со Скопје, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.
Дулгариан дипломирал на Факултетот за владини и јавни политики на Универзитетот во Аризона. Тој е автор на независно истражување за надворешните политики и стратегии на политичките партии во Грција, а работел и во хуманитарни организации за помош на бегалците во Атина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×