Дали дипломата е гарант за добра работа?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ова лето ревизорската куќа Ernst & Young,  објави дека веќе нема да ги бара академските квалификации како критериум за вработување.

„Нашето истражување покажа дека нема доказ да се заклучи дека успехот во високо образование е поврзано со успехот на работа“, напиша оваа фирма во соопштението.

Ваквите изјави уште повеќе ги ставаат во дилема младите дали универзитетското образование навистина вреди за сите потрошени пари, време и напори, пишува Светскиот економски форум.

Секогаш ни било кажувано дека едукацијата е на некој начин гарант за подобра и поубава иднина. Но сега веќе не е секогаш така. Всушност, според новиот извештај на Меѓународната организација на трудот, како што пишува овој Форум, покажува дека во некои региони, поквалификуваните млади луѓе се потешко наоѓаат работа и остануваат невработени.

Според оваа Организација тоа е резултат на две работи. Прво, тие со трет степен образование најчесто доаѓаат од попривилегирани позадини, и затоа може да си дозволат место да бараат работа да го продолжат своето образование. Односно да чекаат додека не ја најдат вистинската работа. Второ, некои економии се уште не се доволно развиени да бараат работници со високо квалификувани вештини.

Исто така, истиот извештај покажува дека со мал исклучок, младите работници најчесто не се доволно школувани за работата што ја извршуваат. Во земјите со ниски примања, најчесто младите се три пати помалку образовани отколку оние во земјите со средни или високи примања.

Додека дипломата можеби не е гарант за добра работа, за многу луѓе, високо образование заедно со барањата на пазарот на труд се уште се сметаат за најсигурна рута до добра кариера.

Дури и еден од најпознатите бизнисмени кои го напушти колеџот и тргна во исполнување на својот сон- Бил Гејтс, рече: „Иако го оставив колеџот и имав среќа да успеам во кариерата, сепак дипломата е многу посигурен пат до успехот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×