Во блиската иднина, економиите во развој, како македонската економија, кои веќе се соочуваат со највисоките реални трошоци за задолжување во последната деценија, би можеле да бидат принудени да ги рефинансираат своите долгови и да ги покриваат фискалните расходи со значително повисоки трошоци.
Ова преведено би значело дека дополнително би ги зголемиле дилемите и загриженоста кај инвеститорите во блиската иднина околу одржливоста на јавниот долг и стабилноста на финансискиот сектор. Загрижува моментот што по прв пат по повеке години во македонската економија се чувствува отсуство на пари!?
Британскиот економист Фред Харисон, кој ја предвиде големата економска депресија во 2008 година, тврди дека следната глобална економска криза ќе се случи следната годинава и ќе биде најлошата во историјата.
Моментално, финансиските услови за работење во светот се префрлија – од фаза на „релативно поволна средина“ во фаза “неутрална“, со можност за понатамошно затегнување. Во случај на продолжена волатилност (овој термин се употребува кај финансиските и берзанските аналитичари восветот како “нестабилност„), финансиските институции со висок левериџ може да бидат под значителен притисок.
Светските експертски анализи покажуваат дека кај послабите, и лошо управуваните банки, би можеле повторно да се појават удари и ранливост. Турбуленциите би можеле да влијаат и на пазарите на државни обврзници, особено во регионите (државите) со високо ниво на јавен долг.
Во блиската иднина, економиите во развој, како македонската економија, кои веќе се соочуваат со највисоките реални трошоци за задолжување во последната деценија, би можеле да бидат принудени да ги рефинансираат своите долгови и да ги покриваат фискалните расходи со значително повисоки трошоци.
Ова преведено би значело дека дополнително би ги зголемиле дилемите и загриженоста кај инвеститорите во блиската иднина околу одржливоста на јавниот долг и стабилноста на финансискиот сектор. Загрижува моментот што по прв пат по повеке години во македонската економија се чувствува отсуство на пари!?
Капитал анкетираше неколку економисти и претприемачи од Македонија кои поради природата на оваа анализа сакаа да останат анонимни. Темата беше дали очекуваат дека наскоро ни се заканува најголемата економска криза досега? Дали е можно да се спречи? И какви последици би имала?
На пример, како го коментираат извештајот на ММФ кој вели дека моментално финансиските услови преминале од фаза на „релативно поволна средина„ во „неутрална„ со тенденција за понатамошно влошување!?! Што точно значи тоа?
Ние имавме една, две, три, три и пол години блага стагнација на кризата и смирување на инфлацијата и каматните стапки во Америка, во Британија, во Европа (Европската централна банка, Банката на Англија и Федералните резерви (САД). Полека почнаа да ги намалуваат тие каматни стапки 6%, 5,5%, 5,4%, 4,25%. И тоа значеше дека ситуацијата полека се подобрува.
Сепак, извештаите сега кажуваат дека подобрувањето тогаш, денес почнало да се влошува, бидејќи имаме нови потенцијални влошувања (војни, нови геополитики, потресите на светските пазари по доаѓањето на новата администрација на Доналд Трамп).
Во случајот со европскиот континент, тоа се пред сè миграциите и недостигот на руски енергетски испораки и високите цени, што годинава се доста се чувствува, а се проценува дека така ке биде и во следните години.

Британскиот економист Фред Харисон, кој ја предвиде големата економска депресија во 2008 година, тврди дека следната глобална економска криза ќе се случи годинава (!?) и ќе биде најлошата во историјата. Дали ова предвидување ке се оствари?
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред извесно време предупреди на слично сценарио, и даде препораки за спречување на продлабочување на кризата.
Моментално, финансиските услови за работење во светот се префрлија – од фаза на „релативно поволна средина“ во фаза “неутрална“, со можност за понатамошно влошување. Во случај на продолжена волатилноста (овој термин се употребува кај финансиските и берзанските аналитичари во светот како “нестабилност„), финансиските институции со висок левериџ (високо ниво на капитал) може да бидат под значителен притисок.
Европа е во многу тешка економска состојба и се заканува со европска економска рецесија пред се поради намалувањето на економската активност во Германија. Ова директно влијае врз перспективите на македонската економија.
Значи денес светот се наоѓа во точка во која – може брзо да биде лошо, или брзо да биде добро? Типичен термин за ова е волатилност (нестабилно).
Како да се носиме со кризите
Најголемиот проблем е што долго време нема смирување во светската економија. Сеуште има инфлација, економииите се соочуваат сеуште со тешките ценовни шокови предизвикани од бруталната руска агресија врз Украина (пореметени се цените на енергенсите, а европските фабрики први се соочија со високите цени на гасот). Нема траен мир кога станува збор за економските услови. Па уште и кризата околу Иран и Ормутскиот теснец.
Она што е надежно е фактот што секогаш во вакви нестабилни пеиоди и високи дестабилизирачки фактори, луѓето смислуваат иновации, пронајдоци. Во војните се создаваат ракети, лекови, авиони, панцири, хемиски агенси и антихемиски агенси.
Но, проблемот е што, во принцип, граѓаните си го гледаат единствено џебот, чувствуваат дневни проблеми затоа што ја гледаат ситуацијата во една секунда во еден ден. Треба да се излезе од рамката „преживување“ и да се влезе во нов простор. Подобрување на знаењето и вештините.
Прецизните анализи покажуваат дека во последните двеста години – од Наполеоновите војни, односно почетокот на 19 век, ја имавме само Првата светска војна, која се случи сто години подоцна, како и Втората светска војна, имавме само три големи војни. Но, војни и денес има низ целиот свет. Сепак тие се мали акутни, локални микро конфликти кои не можат толку многу да влијаат на еврото, доларот, економијата на Индија, економијата на Кина, економијата на САД.
Но, она што е интересно … Ако го следите, на пример, пазарот во САД и Европа во последните сто години, сметајќи ги сите тие кризи, Првата светска војна, Големата депресија 1929-1933 година, Хитлер, Втората светска војна, и валутната криза, и лудилото со dot.com, и шемите „пумпање и исфрлање“, светската финансиска криза 2008 како и економската криза потоа, Ковидот, како и големото ценовно пореметување и инфлациите во годините по Ковид па се до денес … ако го вклучите сето тоа, ќе видите дека и пазарите и економиите сепак релативно брзо се опоравуваат после тие шокови. Некако шоковите ги будат економиите повторно и повторно.
Значи, економиите (тие што ќе преживеат се разбира) брзо се опоравуваат преку нови инвестициски циклуси. Тие се вклучуваат во ново производство, планирање, набавка, потрошувачка. Граѓаните се адаптираат и на долг рок имаме стабилен раст. Конкретно, тоа е околу 8% раст на среден рок и долг рок на американската берза. Растот на БДП на целата планета е околу 2% или 2,5% во некои делови од светот. Западни високо развиени економии растат за 2% до 4% на секои неколку децении.
Примерот во Македонија!? Денес, во Македонија, на пример, имаме голем процент на луѓе кои им должат пари на банките за своите некретнини (станови еден, два три … куќи, викендици, згради цели од страна на инвестироите и претприемачите). Како потенцијално ќе влијае најавената нова економска криза врз нив?
Еден претприемач ми вели, гледате, јас лично имам три кредити, а мојата компанија има четири. Тоа секако е моја лична работа. Но, широко гледано, на ниво на држава, сепак македонските граѓани и Македонија, во принцип, се исклучително малку задолжени. Во споредба со Јапонците, Американците и Европејците.
Значи, колку и да ви е тешко, ние сме класифицирани, официјално според параметрите, како незадолжени земји, економии и компании. Па, сега не сите имаат ист долг, и не е исто дали должите кон вашата банка, на пример домашна банка.
Во секој случат секој од нас е своја поединечна приказна. Потребно е високо ниво на финансиско образование за тоа како трреба да се справиме во големи кризи. Како треба да се справат вработените, како самовработените, како бизнисмените со фабрики и други бизниси, а како инвеститорите. Секоја приказна е различна …

Како големите излегуваат од кризи
Најголемите економии прават циклуси на опоравување од 5, 10, 15 години. Ја обновуваат инфраструктурата на патиштата, железниците, пристаништата или слично. Трајни потрошувачки добра, автомобили, бродови, авиони. Потоа тука се и апаратите за домаќинство, облеката и обувките. На крај се обновуваат и развиваат услугите. Услугите веднаш се произведуваат, трошат и користат. Оттука, заклучокот е дека се си има има свој циклус.
Претходната криза во 2008 -2010-2013 година беше предизвикана од превирањата на пазарот на недвижности и прекинот на односите.
Сега, што би можело да биде причината за кризата што ја најавуваат?
Па, онаа од 2008 година. Тоа е истата кризата од 2008 година.
Во суштина таа криза потекнува од 2000 година, кога Алан Гринспен (првиот човек на ФЕД – Федералните резерви на САД, тогаш) почна постојано да ја намалува цената на американските пари, тие каматни стапки на кредитите. Последица на тоа беше … Станбените кредити во Америка во 2000 година беа 8%, а во 2008 година беа 0%. Сите земаа кредити што на крајот не можеа да ги вратат.
Се случи колапс на хипотекарниот пазар. Огромна понуда нанедвижност, цените паднаа, приходите од ренти се уриваа, цените по квадрат паѓаа (од ова Македонија треба да учи). Недвижностите не вредеја, а и не можеја да се продадат. Луѓето не можеа да ги отплатат кредитите. Колабираа и банките им ја земаа некретнината.
Банките беа ограбени, и го продадоа доларот за 10 центи (се мисли преку недвижностите). Значи, твојот стан од 100.000 долари се продаваше за 10.000 долари. И потоа банките, инвестициските банки, компаниите, секторот за недвижности беше пренатрупан. Берзата падна и затоа финансискиот сектор и реалниот сектор пропаднаа.
Но, она што е важно за овој текст е што за две години, веќе од 2010 година и на почетокот на 2011 година, во основа сè беше испеглано. Индексите, Dow Jones, S&P, технолошкиот сектор почнаа да функционираат. Потрошувачите, граѓаните продолжија да заработуваат и да трошат. Но, домашното производство се повеке миграше од САД во земји со поевтина работна сила (Кина), за пред се се одржи нивото на ниски цени за американските граѓани. Денес Доналд Трамп вели дека американските фабрики насадени низ целиот свет треба да се вратат дома. За да ја направи Америка повторно голема!?! Но, што со цените?



















