Дали Европа ќе биде жртва на трговскиот договор меѓу САД и Кина?
Објавено на од во Економија

Svet trgovska vojna 1Многу инвеститори се плашат дека смирувањето на односите по договорот постигнат меѓу Кина и САД може да биде проследено со пожестока конкуренција помеѓу ЕУ и нејзиниот најблизок сојузник САД.
Воведување царина за европските автомобили и постигнување на договор со Кина ќе и’ овозможи на администрацијата на Трамп да постигне две победи истовремено.

 

Глобалните пазари ќе бидат задоволни ако се постигне трговски договор помеѓу САД и Кина, но има растечки стравувања дека Европската Унија би можела да биде жртва меѓу двете земји, што ќе му дозволи на американскиот претседател Доналд Трамп да се фокусира на германски автомобили или Француски луксузни вина, пишува Ројтерс.

Проблемите можат да дојдат во многу различни форми.

Алиша Гарсија-Херера, главен економист во Natixis за азиско-пацифичкиот регион и истражувач во Институтот Bruegel, е меѓу луѓето кои предупредуваат дека договорот “може скапо да ја чинат Европа”, ако Кина замени голем дел од европскиот увоз со американски стоки за да ја смири администрацијата на Трамп.

Влогот е голем. Листите на компании на берзите во Европа очекуваат вкупните приходи на Кина во 2019 година да достигнат 456 милијарди евра (521 милијарди долари), бидејќи луксузните брендови и автомобилските производители се секторите со најголема изложеност, покажа анализата на Refinitiv.

Венсан Дељуар, глобален макростратег во INTL FCStone, вели дека ако Кина и САД не постигнат договор, Европа може да биде преплавена со евтини кинески стоки.

“Европа може да загуби најмногу откога истече примирјето на 1 март, бидејќи Кина сигурно ќе префрли милијарди вредни стоки по намалени цени на Стариот континент”, смета Дељуар.

Во 2017 година, Кина извезла 374 милијарди евра стока во ЕУ и 505 милијарди евра во САД.

Другото мрачно сценарио, вели Дељуар е губитничко за Европа и профитабилно за Трамп: “Воведување царина за европските автомобили и постигнување на договор со Кина ќе и’ овозможи на администрацијата на Трамп да постигне две победи истовремено”.

Многу инвеститори се плашат дека смирувањето на односите по договорот постигнат меѓу Кина и САД може да биде проследено со посилна конкуренција помеѓу ЕУ и нејзиниот најблизок сојузник.

U.S. President Trump Visits China“Ние сме следните”

Иако Германија поседува лавски удел во трговскиот суфицит со САД – над 63 милијарди американски долари во 2017 година, други европски земји, како што се Ирска, Италија или Франција, можат да изгубат многу ако давачките се наметнуваат на европските стоки.

Нивниот разновиден извоз покажува колку последиците се широки.

Францускиот извоз во 2016 година се движеше од вина (3,80%) до гасни турбини (10,95%) и лекови (6,08%).

Аналитичарите кои се обидуваат да ја разберат стратегијата на американскиот претседател веруваат дека конфронтацијата со ЕУ е веројатно следниот чекор по реформата на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА) и нејзините тековни напори за намалување на трговскиот дефицит на САД со Кина од рекордни 375 милијарди долари во 2017 година.

“Ние сме следните во редот”, предупредува главниот економист на BNP Paribas, Вилијам де Фиелдер.

Според Чарлс Стар, стратег во швајцарската приватна банка Ломбард Одиер, може да се очекува долг период на тензии помеѓу ЕУ и САД да ги разнишаат европските пазари.

“Toa што Трамп го твитна за француското вино исто така важи и за канадското млеко”, рече Стар, потсетувајќи на напнатите преговори меѓу САД и НАФТА со Канада.

На 13 ноември Трамп се пожали дека, додека Франција може лесно да извезува вино во САД, пристапот на американските производители на вино на францускиот пазар е ограничен.

“Тоа не е фер и треба да се промени”, рече Трамп.

Стар забележува дека заканата од трговска војна со САД може да значи уште една мрачна година за европските акции кои веќе страдаат од трговскиот конфликт помеѓу двете најголеми економии во светот.

“Тоа може да биде лош перформанс за Европа во 2019 година”, рече тој.

Ако кинескиот преговарачки тим, постигнува значителен напредок, европските акции можат да добијат поттик, барем накратко.

“За светската економија, многу е важно оваа вештачка неизвесност да заврши”, вели де Филдер. Во исто време, ескалација може да го забрза забавувањето на глобалниот економски раст и да ги погоди берзите низ светот, според Ројтерс.

Сопрете го ветрот во едрата на Трамп

На опашката од стравувањата околу Брегзит, немирите во Франција, популистичка влада во Италија и изборите за Европскиот парламент во мај големите европски земји се сметаат за несоодветни за инвестирање, особено во услови на забавување на растот.

Јерг Крамер, главен економист на Commerzbank, смета дека конфронтација со Вашингтон може да биде многу штетна, претежно за германската автомобилска индустрија. Според него, е добро Европската комисија да направи потег на претекнување.

“Европа треба да го запре ветрот во едрата на Трамп и да го направи првиот потег”, вели Крамер за Ројтерс и повикува ЕУ да се откаже од царините од 10% врз американските автомобили, за да ги намали тензиите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×