Дали Google станува банка?
Објавено на од во hi-tech & business

google payСледната година стартува примената на европската Директива за платни услуги 2( PSD2) заради која многу банки ќе мораат да ги отворат своите системи кон трети страни, односно кон други лиценцирани даватели на платни услуги, кои на тој начин ќе добијат пристап до клиентите на банката.

Бидејќи заради тоа се очекува голема конкуренција за превласт во мобилните плаќања, технолошкиот див Google побрза да ја ребрендира својата апликација за дигитални плаќања Google Tez во Google Pay во Индија , што на компанијата ќе и послужи како тест за европскиот пазар. Преку GooglePay компанијата го тестира новиот модел на плаќање кој се покажа како многу успешен.

Апликацијата веќе ја преземале 55 милиони луѓе и се направени 750 милиони трансакции, а Google има големи амбиции за Google Pay, со кој сака да стане конкурентен на сите решенија за мобилни плаќања во светот.
Покрај тоа Google воведе можжност и за плаќање на комунални и други сметки, а следен чекор е поддршка за онлајн и офлајн малопродажба, како и моментална или on the stop позајмување на мали износи на пари.
Преку својата апликација за дигитални плаќања Google Pay во Индија веќе почна на корисниците им нуди и брзи кредити во мали износи и со минимална администрација, преку соработка со четири индиски банки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×