Дали новокотираните обврзници ќе повлечат нога?
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Панел2 за главна2019 – може ли да биде година на обврзниците

Дали 2019 година за Македонската берза може да биде година на обврзниците? Дали фактот што континуираните државни обврзници започнаа да котираат на Македонската берза, во декември минатата година претставува нов квалитет за овој инструмент како и поголем интерес на инвеститорите за вложување во него? Како Македонската берза, по две децении, ја доби првата котација на корпоративни обврзници? На 20. Годишна конференција на Македонска берза вториот панел беше посветен токму на овие теми, обврзниците, односно, се дискутираше каква е иднината на овој пазарен сегмент.
Дали 2019 година за Македонската берза може да биде година на обврзниците? Дали фактот што континуираните државни обврзници започнаа да котираат на Македонската берза, во декември минатата година претставува нов квалитет за овој инструмент како и поголем интерес на инвеститорите за вложување во него? Како Македонската берза, по две децении, ја доби првата котација на корпоративни обврзници? Зошто домашните банки неодамна издадоа нови обврзници (една перпетуална и една конвертибилна)? Која е стратешката визија и искуство на ЕБРД, во земјите во кои работат, за оваа тема, земајќи ги во предвид нивните активности за развој на иновативни производи, особено инструменти со фиксен приход? На 20. Годишна конференција на Македонска берза вториот панел беше посветен токму на овие теми, обврзниците, односно, се дискутираше каква е иднината на овој пазарен сегмент.
Дискутантите го истакнаа фактот што континуираните државни обврзници почнаа да котираат на Македонската берза во декември минатата година претставува нов квалитет за овој инструмент, како и поголем интерес на инвеститорите за вложување во него. Директорот на УНИБанка објасни како Македонската берза, по две децении, ја доби првата котација на корпоративни обврзници, односно перпетуалната обврзница на Банката. А, претставникот од ЕБРД дискутираше за тоа која е стратешката визија и искуство на ЕБРД во поглед на пазарите на обврзници во земјите во кои работат, земајќи ги во предвид нивните активности за развој на иновативни производи, особено инструменти со фиксен приход.
На панелот посветен на обврзниците зборуваа членот на УО и извршен директор на УНИБанка, Владислав Хаџидинев, претставникот на Министерството за финансии, Дејан Николовски, Петар Трпески, член на топ менаџментот на Шпаркасе банка Македонија, како и гостинот од странство, Џим Трнбул, директор за капитални пазари во ЕБОР.
12bХаџидинев објасни за искуството на УНИБанка со издавањето на корпоративната перпетуална обврзница, финансиски инструмент за првпат издаден на македонскиот пазар на капитал.
„УНИБанка е 25 години присутна на македонскиот пазар и се потврди како сигурна и стабилна банкарска институција, а последниве неколку години покажавме дека можеме да растеме динамично и да бидеме конкурентни, особено во секторите кредитирање население и мали и средни компании. Растевме органски, со нашата сопствена акумулација, и постепено се роди идејата да пробаме да направиме чекор напред и да ги надминеме сопствените потенцијали. Со перпетуалната обврзница почнавме еден нов циклус, кој ќе ни помогне да го зацврстиме нашиот бизнис модел и нашиот бренд“, рече Хаџидинев.
Перпетуалната обврзница која УНИБанка ја издаде во вкупна вредност од пет милиони евра по пат на приватна понуда има фиксна годишна камата од 9% во првите пет години, која по истекот на првите пет години се зголемува на 11%. Каматната стапка се исплаќа два пати годишно, и тоа на датумот на изминување на 6 месеци од датумот на издавање на обврзницата и на датумот на издавање на обврзницата. Постои можност, во одредени услови, каматата и да не се исплати. Каматата ќе се пресметува во евра, а ќе се исплаќа во денари по среден курс на НБРМ на денот на исплата, на трансакциските сметки на имателите на обврзницата од расположливата добивка за распределба на Банката.
„Со докапитализацијата УНИБанка станува уште постабилна, а издавањето на обврзницата беше тест да видиме каква е перцепцијата за банката. Сумата од пет милиони евра сразмерно на големината на банката е значајна и ние сме многу среќни дека успеавме да привлечеме инвеститори најмногу од Македонија, коишто го препознаа потенцијалот на банката. Исто така и сигналот што го добивме од регулаторите – Народната банка, КХВ, Берзата и Централниот депозитар – беше мошне позитивен и дополнителен мотив за нас и за инвеститорите да знаат дека развојот на банката оди во добра насока. Веднаш штом излезе на секундарниот пазар, со обврзницата имаше трансакции, иако во меѓувреме темпото стивна, што значи дека инвеститорите што влегоа сега не сакаат толку лесно да продадат. Тоа за мене е позитивно, доказ дека веруваат во оваа хартија од вредност, и за разлика од обичните акции, вообичаено е овој хибриден инструмент да е помалку ликвиден. Котацијата ја оценувам како позитивна, а во иднина очекувам повеќе трансакции“, заклучи на крајот извршниот директор на УНИБанка.
Корпоративните обврзници сè уште „губат“ од банкарските кредити
Панелистите се согласија дека македонскиот пазар е целосно доминиран од банките и дека самите бизниси претпочитаат да работат со нив, затоа што релацијата тука е подискретна и пофлексибилна, за разлика од процесот на издавање на корпоративна обврзница, каде што се бара транспарентност и поразличен стил на управување.
Петар Трпески, директор на Секторот за управување со корпоративни клиенти во Шпаркасе банка Македонија рече дека во принцип кога се зборува за тоа колку е развиен пазарот на корпоративни обврзници тие се ставаат во споредба со кредитите, конкретно во сооднос со синдицираните кредити (каде што како кредитори се јавува т.н. синдикат од банки во случај кога се работи за поголеми проекти, н.з.) затоа што по обем можат како пандан да се споредуваат со корпоративните обврзници.
„После воведувањето на еврото имаше солиден пораст на пазарот на корпоративни обврзници во ЕУ, конкретно синдицираните кредити и корпоративните обврзници партиципираа со 94% во вкупните извори на финансирање. Во овие 94% синдицираните кредити и корпоративните обврзници партиципирале со приближно ист процент. Зошто ова го отворам како дискусија? Кога банката е еден на еден со клиентот, што се вели, обврзниците тогаш ‘губат’ на пазарот. Од искуство, ние сме биле во ситуација да дискутираме за издавање на корпоративна обврзница со клиенти, но тие секогаш добивале понуди од банки коишто биле подобри за нив: полесна е процедурата, побрзо, поевтино. Но, во услови на синдициран кредит, за поголеми проекти, каде што повеќе банки влегуваат во финансирањето, тоа е моментот каде што веќе има логика да се отвори простор клиентот да ги разгледува обврзниците како релевантен извор на финансирање. На пример, проект во Македонија од 50, 60 или 100 милиони евра е веќе проблем за само една банка да го финансира и треба да се пристапи синдицирано, што отвора можност за корисниците да разгледаат варијанта во која би се вклучиле и корпоративните обврзници како начин за финансирање“, рече Трпески.
Тој очекува времето на корпоративните обврзници во земјава допрва треба да дојде, со самото тоа што ќе се случуваат поголеми инвестиции, и од домашни и од странски компании, коишто би ангажирале капитал да го поддржат сопствениот развој.
„Искуствата покажуваат корелација помеѓу економскиот раст и развојот на пазарот на обврзници. Со оглед на фактот што економскиот раст е поврзан со инвестициите, овој начин на гледање на работите има своја основа. Во моментов обврзниците ги нема затоа што банкарскиот сектор според износите со коишто ги финансира правните лица е доминантен и пружа доволно и од аспект на ликвидност и од аспект на цени, но во иднина со растењето на економијата и компаниите, ќе дојде моментот кога обврзниците ќе станат поконкурентни.“, смета Трпески.
Заклучокот на панелот беше дека на пазарот фали елемент којшто ќе иницира да почне да се случуваат почести издавања на корпоративни обврзници, односно го нема интермедијаторот што ќе поттикне создавање на инвестициско банкарство. Или, како што истакна Хаџидинев од УНИБанка, веројатно во иднина кога пазарот ќе се засити и кога банките ќе бидат со посериозен капитал и тежина, ќе почнат, по примерот на развиените пазари и големите банкарски групации да бидат носители на процесите на инвестициско банкарство.
„Други што може да помогнат во овој процес се самите инвеститори, коишто во еден момент сигурно дека ќе бараат нови можности за вложување и тогаш работите природно самите ќе се раздвижат.“
13b Успех на долгорочната државна обврзница
Дејан Николовски, раководител на Одделот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг се осврна на моменталната состојба на пазарот за државни хартии од вредност со фиксен приход, т.е. обврзници. Тој потсети дека почетоците на 2019 како „година на обврзниците“ е всушност лоциран кон крајот на минатата година, кога за првпат државата издаде 30 годишна долгорочна обврзница.
„Тоа е голем успех за нас како држава, затоа што ваков тип на инструменти со толкава рочност во регионов нема. Соседните држави се фалеа со своите 10- годишни обврзници и сл., а за нашиот успех е дотолку позначајно што имавме двојно поголема побарувачка за оваа обврзница, што нè натера да продолжиме и годинава со издавање на овие обврзници, односно со квартално издавање на 30 – годишни обврзници. Со цел зголемување на ликвидноста планираме и повторно отворање на постоечки обврзници, т.н. reopening и очекуваме 2019 дефинитивно да биде година на обврзниците“, истакна Николовски.
Претставникот на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, Џим Трнбул, одговорен за развој на пазарите на капитал, истакна дека пазарот на државни обврзници во земјава оди во добра насока, со тоа што би требало да се размислува за издавање и на општинските обврзници како должнички хартии од вредност со фиксен приход што ќе придонесат за уште подинамичен развој на овој пазар.
„Искуството во регионот на југоисточна Европа е многу позитивно со користењето на општинските обврзници, тие за атрактивни за банките и пензиските фондови, но и самото население ги купува затоа што се користат за финансирање проекти на локално ниво.“, рече Трнбул.
Николовски од Министерството за финансии на оваа забелешка рече дека од нивна страна е воспоставена целокупната инфраструктура за документацијата за општинските обврзници, останува на самите општини да одлучат со емитување на овој финансиски инструмент.
„Имаше изминатиов период почетни сигнали од некои општини, но веројатно од стравот од каматната стапка што би се постигнала во моментот на издавање на обврзницата или пак поради неспремноста на општините, не се случи ништо конкретно. Во секој случај, се согласувам дека недостига овој инструмент на пазарот и ние пред неколку недели имавме презентација пред општините токму на оваа тема. Можеби една од причините е што општините сè уште имаат атрактивни кредити со поволни каматни стапки, и затоа веројатно не влегуваат во сегментот на обврзници“, смета Николовски.

Инаку, на Берзанската конференција после поздравните говори беше одржана специјалната презентација “Геополитика на Западен Балкан – што да очекуваат инвеститорите?“ од Флоријан Бибер, директор на Центарот за студии на југоисточна Европа при Универзитетот во Грац, Австрија, додека помеѓу првите два панели беа одржани уште две презентации: “Зошто ни се потребни локалните берзи?“ од Томас Карутерс, претставник на Иницијативата за основање на Шкотска берза, како и „Спојувања и преземања кај финансиските институции во регионот на ЈИЕ“ од 
Јошт Долничар, члена на УО на Сава Реосигурување.
Последниот дел од Конференцијата беше одвоен исто така за неколку интересни презентации, како, на пример, „Од другата страна во подготовката на IPO“ од Павел Жаја, партнер во Shearman & Sterling (Лондон) „Имплементација на MIFID II во малите земји – Научени лекции“ од Дамјан Лешев, партнер, Адвокатско друштво „Цветкова, Бебов, Комаревски од Бугарија”, „Нови технологии на пазарот на капитал“ од Елмар Вогенхубер, инвестициски специјалист,
Refinitiv, како и „Вештачка интелигенција – новиот играч во светот на бизнисот“ од Илијанчо Гаговски, основач и директор на PrymApps.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×