Дали сте добиле вакво прашање на интервју за работа: “За што сакате да зборуваме?“
Објавено на од во Економија

Роберт Рид, шеф на софтверската компанија Intacct од САД, сака малку да ги “измеша лончињата“ и прво ги прашува кандидатите за работа за што би сакале да разговараат

Една од најтешките работи за секој што интервјуира кандидати за работа е што мора да биде подготвен за секакви прашања што кандидатот може да му го постави.

Но, Роберт Рид, шеф на софтверската компанија Intacct од САД, сака малку да ги “измеша лончињата“ и првото прашање до кандидатите му е “За што би сакале да зборуваме?“, пишува  Business Insider.

Роберт Рид директор на американската компанија Intacct

Роберт Рид директор на американската компанија Intacct

Рид објаснува дека тоа прашање му помага да ги сфати приоритетите на кандидатите и нивниот начин на размислување.

“Барам луѓе што се љубопитни по природа и имаат развиена бизнис логика, па поставуваат прашања за да научат како да се успее“, вели Рид.

Тој исто така ги прашува кандидатите за работа со што тие мислат дека може да придонесат во компанијата и кои вештини треба да ги усовршат.

“Сметам дека доколку е моја лична, а и компаниска цел да се биде подобар секој ден, тогаш секој што сака да работи кај нас треба во интервјуто да наведе барем една работа на која што би се фокусирал“

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×