Дали ветувањата на Макрон ќе стават крај на протестите на жолтите елеци?
Објавено на од во Економија

ace36ec1-e71b-4e0e-9045-9d4a8e1edf73-GTY_1069724886Протести во Франција

Длабока реформа на државата. Така Емануел Макрон ги опишува реформите кои ги објави пред нацијата со надеж дека тие ќе стават крај на протестите. Меѓу ветувањата се и зголемување на минималната плата и одложување на зголемувањето на даноците, но и многу други промени кои беа изнудени со едномесечните протести на т.н. жолти елеци, кои од протест против зголемување на цените на горивата прераснаа во протест против политиките на претседателот Макрон и зголемените трошоци за живот.

 

Длабока реформа на државата. Така Емануел Макрон ги опишува реформите кои ги објави пред нацијата со надеж дека тие ќе стават крај на протестите.

Меѓу ветувањата се и зголемување на минималната плата и одложување на зголемувањето на даноците, но и многу други промени кои беа изнудени со едномесечните протести на т.н.жолти елеци, кои од протест против зголемување на цените на горивата прераснаа во протест против политиките на претседателот Макрон.
Иако првично Макрон одби да се повлече од одлуката за поскапување на горивата, откако протестите ескалираа и ја потресоа цела Франција, власта вети повлекување, но и други мерки кои според многу аналитичари доаѓаат предоцна и се далеку од длабоката реформа која ја побараа протестантите.
Експертите проценуваат дека новите ветувања на Макрон ќе предизвика зголемување на државните расходи и ќе го зголеми буџетскиот дефицит на Франција на 3,5% од БДП следната година, што е над прагот од буџетски дефицит од 3% поставен за земјите членки на еврозоната. Тоа пак од своја страна ќе им даде силна карта во раце на држави како Италија кои се во затегнати односи со официјален Брисел заради планираните вонредни расходи во буџетите и зголемување на државните долгови.
Но, сега проблемот во француската јавност е фокусиран повеќе на она што не го вети Макрон. Тој одби да го врати т.н. солидарен данок кој го плаќаа богатите речиси 40 години наназад, а кој Макрон го укина во септември 2017 година, кратко откако победи на претседателските избори во земјата. Целта на Макрон беше со укинување на овој данок да се стимулираат инвестициите во Франција. Тоа беше една од првите смели реформи на Макрон, кој ја градеше предизборната кампања на ветувања за просперитет преку долгоодложувани реформи во јавниот сектор, даночниот систем и финансиите.

Но, со укинувањето на овој данок Макрон го зацврсти убедувањето кај Французите дека е претседател на богатите.

Засега не е јасно дали овие ветувањата ќе доведат до крај на протестите, но она што е сигурно е дека слабоста на Макрон дома и носат дополнителни проблеми на Европската унија и ќе имаат влијание врз насоката по која ќе продолжи да се движи.

Protesters wearing yellow vests, a symbol of a French drivers' protest against higher diesel taxes, face off with French gendarmes during clashes at the Place de l'Etoile in Paris

Пред околу еден месец Емануел Макрон се самопрогласи за заштитник на глобализмот и го прогласи национализмот за предавство против патриотизмот. Кратко после тоа земјата беше зафатена од протести од жолтите елеци против најавеното поскапување на горивата.

Сегашните случувања во Франција се многу важни бидејќи ќе имаат последици не само на еден лидер, туку на целиот светски поредок.

Амбициите на Макрон за поголема интеграција и посилна Европа беа попарени прво со случувањата во Германија, но и во другите европски земји. Полска флертува со крајната десните националистички партии на чело со унгарскиот претседател Орбан кои планираат бунт на претстојните избори за Европскиот парламент. Италија се конфронтира со Брисел за буџетот, а германската канцеларка Ангела Меркел која веќе не е на чело на ЦДУ има многу ослабена лидерска позиција. Во оваа ситуација се очекуваше улогата на заштитник на либералната демократија да ја земе Макрон.
Но, сега позицијата на Макрон е многу разнишана и тој најмалку може да се смета за заштитник на меѓународниот поредок кога дома се соочува со протести и многу ниска популарност.
Истражувањата покажуваат дека три-четвртини од Французите ги поддржуваат протестите, кои сега прераснаа во протест против зголемените трошоци за живот под водство на Макрон.
Досегашните реформи на Макрон не ги дадоа посакуваните резултати и не ја заживеаа француската економија.

Дали Макрон ќе има доволно сила и простор за да продолжи со економските реформи ќе зависи од изборите за Европскиот парламент на пролет следната година, кои ќе бидат своевиден референдум за неговото претседателство.

Лошиот исход на изборите за Европскиот Парламент ќе биде голема пречка за Макрон да продолжи со реформите во Франција, но и со реформите во Европската унија.
Во услови кога Европската унија се соочува со растечка поддршка на десницата, изборите за Европскиот парламент ќе бидат одлучувачки за тоа во која насока ќе продолжи да се движи Унијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×