Дане Јованов, Винарија Стоби: Остануваме фокусирани на нови производи и нови пазари
Објавено на од во Прогнози 2015

Винаријата од Градско годинава ќе промовира нови производи на пазарот, а една од клучните цели е и освојувањето нови пазари, вели генералниот менаџер Дане Јованов


-Какви се вашите очекувања за оваа година, какви ќе бидат економските прилики според вас?

Во однос на наредната 2015-та, очекуваме да биде тешка поради глобалните политичко – економски случувања кои сепак имаат голем ефект и врз локалната економија, но сепак сме оптимисти. Се надевам дека ќе успееме во реализирање на нашите планови во однос на инвестиции во проширување на капацитетите како и воведувањето  на нови производи на пазарот, а следствено на тоа и освојување на нови пазари.

-Кои ќе бидат најголемите предизвици за винаријата годинава?

Винарија Стоби, од своето основање бележи постојан пораст во продажбата на домашниот и извозните пазари, а истовремено остварува финансиски резултати во рамки на воспоставената петгодишна стратегија 2010 – 2014 година, која беше поставена  со самото основање на компанијата. Изминатиот период,  друштвото интензивно инвестираше во развој на сопствениот бренд и во препознатливоста на вината Стоби на странските пазари, ставајќи ги финансиските показатели во служба и во целост подредени на оваа стратегија.

-Какви се плановите на Стоби за 2015 година?

Стратегијата на компанијата и понатаму е соработка со познати партнери со цел да обезбеди одржливи и стабилни резултати. Винаријата  следи стратегија на подобрување на структурата на своето продажно портфолио, со цел достигнување и подобрување на профитабилноста, а истовремено е со постојан фокус на своите потрошувачи, едукација на вработените и снабдувачите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×