Danone го купи американскиот производител за органска храна WhiteWave за 12,5 милијарди долари
Објавено на од во Компании

Француската компанија Danone го купи американскиот производител и дистрибутер за органска храна WhiteWave Foods за 11,3 милијарди евра (12,5 милијарди долари).

danone-factoryОваа зделка, која се очекува да биде завршена до крајот на годината, ќе му овозможи на Danone  двојно да го зголеми пазарното учество во САД, од сегашните 12% на 22% .
Ова ќе биде најголема аквизиција на Danone во последнава декада. Веднаш по објавувањето на веста акциите на Danone скокнаа за 6%.

WhiteWave, која има седиште во Денвер, е една од најбрзорастечките компании во секторот на здрава и органска храна во изминативе неколку години. Побарувачка за здрави и органска храна во САД во изминативе неколку години бележи голем раст, што ја менува целата индустрија за храна во земјата. За разлика од останатите компании во индустријата за храна, продажбата на WhiteWaveвеќе неколку години по ред годишно расте со двоцифрени стапки.

Компанијата WhiteWave  минатата 2015 година работеле со приходи од 3,9 милијарди долари и нето добивка од 168 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×