Данските банки за поддршка на економскиот раст, ослободуваат 20 годишни хипотекарни кредити без камата
Објавено на од во Економија
Данска, каде хипотекарните каматни стапки одамна се ниски, достигна нов рекорд, пишува Блумберг.
NORDEAВо средата, Nordea Bank Abp објави дека ќе започне да нуди 20-годишни хипотеки без камати. Уште повеќе, порано оваа недела Jyske Bank A/S објави дека е подготвена да издава 10-годишен стамбен кредит со негативна каматна стапка од 0,5% – т.е, банката ќе враќа пари секој месец.
Неодамна, Nordea Bank Abp ги смени своите правила за да дозволи до 30-годишни заеми со негативни каматни стапки.
„Очекуваме ова да придонесе за зголемувањето на цените на недвижностите“, вели Лис Нитофт Бергман, главна аналитичарка во Nordea Bank Abp.
Иако ова е добра вест за сопствениците на домови, Бергман посочува дека овој развој е застрашувачки.
„Непријатно ми е да помислам дека има инвеститори кои се подготвени да дадат заем на 30 години и да добијат едвај 0,5% назад“, вели таа.
„Тоа покажува колку инвеститорите се уплашени од тековната состојба и очекувањата да трае долго, пред да се подобрат работите“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×