Дарио Сканапиеко: ЕИБ останува сигурен партнер на македонската економија во надминувањето на последиците од пандемијата, но и во одржливиот раст потоа
Објавено на од во Интервју

Насловна и за внатре1Дарио Сканапиеко
потпретседател на Европската инвестициска банка

Пред пандемијата КОВИД-19, Северна Македонија бележеше стабилен економски раст, што е позитивен индикатор. Меѓутоа, можеме да видиме дека кризата влијаеше многу врз вработеноста, па задржувањето на работните места ќе има голема важност во наредниот период. На долг рок, поддршката на странските инвестиции, иновациите, креирањето на работни места, регионалната интеграција и транзицијата на економијата за одржлив развој ќе бидат есенцијални за идниот социјален и економски раст. ЕИБ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот за креирање на поконкурентна и поотпорна економија која води сметка за заштитата на животната средина.“, вели потпретседателот на Европската инвестициска банка, г-дин Дарио Сканапиеко, во ексклузивното интервју за Капитал.

 

Г. Сканапиеко, која е вкупната сума која ЕИБ ја има алоцирано за помагање на Западен Балкан во справувањето со последиците од Ковид-19 кризата и колку од тоа е обезбедено за Република Северна Македонија?
Најпрво би сакал да ви заблагодарам за можноста да зборувам за вашето списание Капитал.
Групацијата ЕИБ работи со институциите на ЕУ откако започна кризата. Истовремено, постојано бевме во контакт со нашите земји партнери во регионот, со цел предвидување на обемот на поддршката на ЕИБ која е потребна во текот и после кризата. Европската комисија има усвоено пакет од 3.3. милијарди евра за Западен Балкан, каде ЕИБ ќе обезбеди повеќе од половина – 1.7 милијарди евра.
Целта е да се поддржат земјите од Западен Балкан во адресирањето на економските последици од пандемијата на коронавирусот. Малите и средните претпријатија и здравствениот сектор ќе бидат секторите кои првенствено ќе имаат бенефит од ова финансирање. Пакетот за финансирање ќе биде мобилизиран за адресирање на најголемите потреби и дефицити предизвикани од кризата. На долгорочен план, ЕИБ ќе ја зголемува мобилизацијата за обезбедување на експертска и техничка помош за поддржување на модернизацијата на здравствените услуги, зајакнување на инфраструктурата и капацитетите на Западен Балкан, во линија со најдобрите практики на ЕУ. Освен тоа, дополнителни подобности и флексибилност ќе бидат достапни за проекти од здравството и проекти за граѓанска заштита за зголемување на отпорноста за идните пандемии и ургенции.
Ве молиме дали би можеле за нашите читатели да објасните како конкретно ќе бидат инвестирани парите обезбедени за помош на македонската економија? Кои проекти се планирани во таа насока?
На краток рок, ЕИБ има за цел забрзување на исплатата на кредитната линија од која ќе имаат бенефит малите и средните претпријатија, преку посредување на Банката за развој на Северна Македонија. Ова значи дека брзо ќе бидат достапни 50 милиони евра за помагање со цел решавање на најургентните прашања со ликвидноста и одржување на работните места во компаниите. Таргетираните сектори за оваа кредитна линија се хотелиерството, туризмот и активности за служење храна кои се најмногу погодени од ковид-19, како и активности за производство, градежништво, трговија, здравство и социјална работа, транспорт и забава.
Scanapieco intervju-3Кои се насоките што произлегоа од последниот Самит на лидери на Западен Балкан што се одржа онлајн неодамна, кои ќе бидат следните чекори? Каква ќе биде улогата на ЕИБ?
Наредните чекори ќе бидат за поддршка на земјите од Западен Балкан во соочувањето со негативните социјални и економски ефекти од пандемијата КОВИД-19. За адресирање на најитните прашања ЕИБ има алоцирано 1,7 милијарди евра. Бидејќи влијанието на оваа криза ќе биде пошироко и ќе трае подолго одошто првично се надевавме, ние исто така jа забрзуваме нашата работа околу достапноста на финансирањето на низа проекти вредни 2,3 милијарди евра за поддршка на регионот. Овие инвестиции ќе помогнат за модернизација и зголемена отпорност на виталните инфраструктурни и здравствени системи со цел нивна подобра подготвеност за идни пандемии и ургентни ситуации. Приватниот сектор исто така ќе може да има бенефит од новите кредитни линии на ЕИБ. Малите и средните претпријатија ќе може да ги користат нив за решавање на проблеми поврзани со ликвидноста и човечкиот капитал, додека го одржуваат капацитетот за надворешно финансирање.
ЕИБ е еден од најголемите меѓународни кредитори во земјава, особено за финансирање на мали и средни претпријатија. Колкава е досегашната кредитна изложеност и колку овие кредитни линии дадоа резултат? 
Како и во другите земји каде работиме, ЕИБ соработува со локални комерцијални банки и финансиски институции за алоцирање на кредитни линии за економијата со атрактивни услови. Помеѓу 2009 и 2019 година, ЕИБ има обезбедено 423 милиони евра за долгорочно финансирање на македонските мали и средни претпријатија, кое што има помогнато во задржувањето на 67.330 работни места. Финансирањето на малите и средните претпријатија прави 80% од сите инвестиции на ЕИБ во Северна Македонија. Ова ја демонстрира нашата посветеност за поддршка на напредокот на економијата и човечкиот капитал, иновацијата и заштитата на животната средина во Северна Македонија.
Освен кредитни линии за бизнис секторот, ЕИБ финансира и значајни капитални проекти. Колку во екот на оваа корона криза може да сметаме на финансиска поддршка во овој дел? 
Во контекст на кризата, наш примарен фокус се разбира е поддршката на модернизацијата, рехабилитацијата и зголемување на капацитетот на здравствениот сектор низ регионот. 
Во Северна Македонија, соработката на ЕИБ со ЕУ има за цел зголемување и подобрување на пристапот до здравствените услуги, земајќи ги предвид сите медицински специјалности. Ова може да вклучи поддршка за нова модерна и функционална терцијарна болница во Скопје, иако овој проект е во многу рана фаза.
Други проекти кои се земаат предвид веројатно ќе се фокусираат на нудењето на подобар пристап до националното примарно и секундарно здравство. Освен тоа, се надеваме дека ќе обезбедиме значителни фондови за градење на пругата со Бугарија (Коридор VIII). Овие проекти вредат неколку стотини милиони евра. Додека за транспортната инфраструктура, ЕИБ има одобрено над 100 милиони евра во последната декада, со што значително има придонесено за безбедноста и ефикасноста на македонските патишта, како и за подобра поврзаност на регионот.
Освен тоа, исто така, се прави проценка за кредит за градење на интерконекторот за гас помеѓу Грција и Северна Македонија. Овој проект има за цел зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на земјата, со разни рути и извори за снабдување со гас. Меѓутоа, паралелно со напредувањето во евроинтеграциите, како и во линија со нашата „Energy landing policy“, ние ќе се фокусираме во – и само во – зелената транзиција на земјите на Западен Балкан со мобилизирање на најмалку 100 милијарди евра во одржливи и енергетско ефикасни проекти во периодот од 2021 година до 2027 година. Ова значи дека Банката повеќе нема да финансира проекти поврзани со фосилно гориво, и ќе се сконцентрира на обновлива и почиста електрична енергија, како и на енергетска ефикасност. Последното исто така ќе придонесе за намалувањето на емисијата на многу штетните честички, кои резултираат од штетните материјали за греење и имаат големо негативно влијание над јавното здравство.
Ќе продолжиме со инвестирање во рехабилитација на водоводната инфраструктура и инфраструктурата на отпадни води во Северна Македонија, каде ЕИБ до денес има инвестирано 128 милиони евра. Со обезбедување на безбедни хигиенски услови и подобра комунална инфраструктура, ЕИБ исто така придонесува во поголема подготвеност за ургентни ситуации и природни катастрофи.
За отварање DarioШто е најважно според Вас да преземат властите како мерки после првичниот бран од пандемијата за да ја забрзаат економијата? 
Владата на Северна Македонија веќе има усвоено сет мерки за економијата. Фокусот на ЕИБ е да им помогне на малите и средните претпријатија во одржување на ликвидноста и вработувањето, како и можноста за инвестирање во иднина. Според процените, се очекува пораст на стапката на невработеност до 20% во 2020 година. Охрабрувањето на економскиот развој, конкуренцијата, регионалната поврзаност и вработувањето треба да бидат врвни приоритети во наредниот период. Мерките претставени од страна на ЕИБ како одговор на пандемијата КОВИД-19 силно ги поддржуваат земјите од Западен Балкан во нивниот пат кон обновата.
Кои се најголемите предизвици со коишто се соочувате при финансирањето во земјава? 
Има многу проекти на ЕИБ кои успешно се спроведени во Северна Македонија и други проекти кои треба да се спроведуваат во иднина. Како и во другите земји во регионот, свесни сме дека спроведувањето останува предизвик во повеќето случаи. Ова е затоа што проектите кои ние ги поддржуваме многу често се многу обемни и уникатни и треба да исполнуваат многу строги стандарди во целина. Затоа, тие бараат многу различни компетенции и луѓе кои што ќе работат заедно на добро координиран начин.
Експертизата за менаџирање на овие проекти не секогаш е достапна и всушност се гради само преку искуство. Овие проекти исто така бараат силна поддршка од владата и јавната администрација воопшто.
Во иднина, се разбира дека ќе ја интензивираме нашата поддршка на македонските власти во поглед на техничко советување и експертиза за осигурување дека проектите ќе бидат подготвени и спроведени колку што е можно поефикасно, во согласност со сите стандарди и практики на ЕУ. Како што земјата напредува во нејзиниот пат код интеграцијата на ЕУ, сигурни сме дека проблемите кои може да го одложуваат спроведувањето на проектот ќе се надминат во меѓувреме, и секако ова е предизвик во долгорочен план.
Како ја оценувате актуелната состојба во економијата по ударот од пандемијата? Колку ќе бидат големи негативните ефекти од корона кризата? Процените на меѓународните финансиски институции се рецесија со пад на БДП меѓу 3% и 4%.
Тоа што можеме сигурно да кажеме е дека економската обнова ќе зависи од способноста на земјата да ја оживува економијата и витална инфраструктура. Пред пандемијата КОВИД-19, Северна Македонија бележеше стабилен економски раст, што е позитивен индикатор. Меѓутоа, можеме да видиме дека кризата влијаеше многу врз вработеноста, па задржувањето на работните места ќе има голема важност во наредниот период. На долг рок, поддршката на странските инвестиции, иновациите, креирањето на работни места, регионалната интеграција и транзицијата на економијата за одржлив развој ќе бидат есенцијални за идниот социјален и економски раст. ЕИБ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот за креирање на поконкурентна и поотпорна економија која води сметка за заштитата на животната средина.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×