Даскалакис: Неизбежни се загуби од ниските цени на металите
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2016

Константинос Даскалакис, генерален директор на Фени Индустри

Daskalakis-WEB

Бидејќи времето е клучниот збор во оваа равенка, во меѓувреме опстанокот налага сериозно кратење на трошоци и производство и воведување на иновативни трошковно ефективни технологии

 

Во последните два месеци од годината се соочуваме со најниски цени на никелот во последната декада, кои следат после надолен тренд што беше актуелен во текот на целата година. Меѓутоа, никелот не е исклучок, сите берзански стоки бележат ценовен пад исто така, но уште поважно исто и горивата, јаглените и другите енергенси и суровини, и поврзаните индустрии, што всушност оди во прилог на металите, бидејќи тие го сочинуваат најголемиот дел од производната цена. Проблематично е што падот на цените на вториве не го следи во чекор падот на цените на металите, оттука загубите се неизбежни. Но, сепак во прашање е само време кога повторно ќе се воспостави еквилибриумот цена наспроти трошок.

Од денешна перспектива, јасно е дека се создаде ценовен балон врз база на нереални проекции за раст на глобално ниво што не се остварија, но резултираа во вишок на понуда, така што сега пазарот се движи кон друга крајност што налага ребаланс на соодносот цена – трошок, како и на соодносот понуда и побарувачка, што значи неопходно е намалување на производството, кое што производителите нерадо го прават, но е неизбежно. Поради ова не очекувам дека цените ќе ги достигнат нивоата што ги имаше во изминатите три-четири години, туку очекувам воспоставување на нов пазарен баланс кој ќе значи пониски цени и трошоци, а на крај ќе резултира во економско заздравување кое што ни е потребно. Исто така, треба да се земе предвид фактот дека американскиот долар е прилично силен, што повторно оди во прилог на бизнисите и на целокупниот процес на заздравување.

Но, ќе подвлечам, бидејќи времето е клучниот збор во оваа равенка, во меѓувреме опстанокот налага сериозно кратење на трошоци и производство и воведување на иновативни трошковно ефективни технологии. Нашата предност е што во текот на изминатите години остваривме значајни инвестиции во такви технологии, така што сега припаѓаме во групата на “low cost“, односно производители со низок трошок, што нé прави многу пофлексибилни и поотпорни на овие ценовни шокови, во споредба со повеќето производители на никел кои се присилени да размислуваат за сценарија на затварање. Очекувам 2016 година да биде голем предизвик, особено во првите шест месеци, но на ниво на компанија веќе имаме превземено бројни потребни дејствија, а и други прилагодувања се во тек, со цел да го премостиме критичниот период.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×