Давос 2016 – што треба да се очекува?
Објавено на од во Економија
Davos2016

Деновиве е тој период од годината кога најбогатите, моќните и славните се собираат во познатото швајцарско гратче Давос каде зборуваат за големите прашања кои го мачат светот и пробуваат да најдат решение за светските проблеми.

Без разлика колку заклучоците од овој самит,  кој веќе со децении се одржува на годишно ниво (од 1971 година), навистина успеваат да дадат решенија за светските прашања (многумина овој собир го нарекуваат „геополитички театар“), факт е дека оваа година тој се случува во услови на зголемен скептицизам, темни сценарија за иднината на светот во услови не само на економската, туку и политичка и бегалска криза, па оттука и очекувањата за конкретни решенија се посилни.

Дека светот е соочен со една од најголемите кризи во помодерната историја покажуваат и анализите на светски познатите консултантски куќи, кои направиле анкети меѓу извршните директори на светско ниво, а резултатите покажуваат дека нивните прогнози се во најмала рака „мрачни“.

Само 27% од интервјуираните директори рекле дека растот (економски) ќе се подобри оваа година, додека 37% од нив, рекле дека не очекуваат раст, покажува извештајот на PriceWaterhouse Coopers.

Притоа, не е само економската криза што преставува грижа за најбогатите, најславните и најмоќните. Секако тука се и геополитичките ризици, забавувањето на кинеската економија, падот на цената на нафтата, бегалската криза, полова еднаквост и јазот меѓу богатите и сиромашните.

А кога сме кај јазот меѓу богатите и сиромашните, Извештајот направен токму за целите на овој самит покажува дека тој место да се намалува, постојано се зголемува. Имено, еден отсто од светските граѓани имаат повеќе богатство отколку остатокот од светот заедно“, пишува во Извештајот за богатство 2015 кој го објавува швајцарската банка Credit Suisse.

Тоа значи дека олигарсите, нафтените шеици и милијардерите: 62 најбогати луѓе во светот имаат толку богатство колку и сите сиромашни луѓе кои чинат половина од светската популација, покажува новиот Извештај за богатство.

Поконкретно, имотот на 62 најбогати луѓе – меѓу нив 53 мажи – пораснал само во последните пет години за 44%, на 1,76 милијарди долари. Во исто време, вкупниот имот на сиромашните кои се половина од светската популација е намален за повеќе од илјада милијарда долари.

А токму овие преку 2.500 учесници кои плаќаат големи суми за учество на самитот, се дел од 1% од луѓето кои поседуваат повеќе богатство отколку остатокот од светот. Меѓутоа, со оглед на тоа дека настанот се случува на годишно ниво, во зависност од светските случувања, и фокусот на самитот се менува. А оваа година, „ѕверките“ на овој самит се следниве:

Кои се ѕвездите на овој самит?

Кевин Спејси, актер

Џастин Трудо – новиот премиер на Канада се смета за моќен „коктел“ на човек кој доаѓа од познато семејство, личност со либерално социјална свест и премиер со огромна харизма. Неговата позитивна улога во однос на имигрантите ќе го однесат далеку, а со тоа што е нов на сцената, значи дека учесниците во Давос не се уморни од него и ќе сакаат да слушнат што овој човек има да каже. Но големото прашање е дали овој поранешен инструктор по сноубординг располага со дипломатски протокол кој за време на овој форум ќе го искачи меѓу врвните светски лидери останува да се види.

Леонардо ДиКаприо – кандидатот за Оскар веќе ги собра наградите за борбата со климатските промени, и ги освои насловните страни со тоа што го најави својот фонд тежок 15 милиони долари за заштита на природата. Тој исто така веќе ги искара алчните нафтени компании и неговиот говор за климатските промени е нешто што многумина сакаат да го слушнат

Кевин Спејси – американскиот актер кој во моментот најмногу е познат по неговата улога во серијата House of Cards, каде одлично се прикажува употребата на сила. Тој на овој форум ќе зборува токму за театралноста во политиката на САД, тема која секогаш го има светското внимание

Кристин Лагард – челникот на ММФ зборува за најголемите предизвици и грижи во светската економија, но и за бегалската криза, забавениот раст од кинеската економија. Очекувањата се дека таа треба да даде една „трезна“ слика за светот и да одговори како светот може да се справи за овие прашања

Дејвид Камерон – британскиот премиер кој се соочува со тешкиот референдум за останување или излез на Британија од Европската унија е исто така во фокусот на овој самит. Оти токму исходот од референдумот ќе има огромни влијанија не само по Британија, туку и кон Европската унија во целост, за што се посилни се убедувањата дека е на работ на целосен распад

HUBO

Роботот HUBO

Травис Каланик – извршниот директор на Uber е исто така еден од најинтересните говорници на овој самит, особено поради тоа што е репрезент на револуционерни технологии кои би можеле да бидат причината за укинување на милионски работни места низ светот.

Маурицио Макри – ова е уште нов светски лидер, и воедно е првиот аргетински челник кој после многу години зема учество на Давос. Ова е одличен чекор преку кој тој сака изолираната економија во Аргентина да ја врати во светскиот фокус и да донесе повеќе финансиери и инвеститори во неговата земја

Роботот ХУБО – јужнокорејскиот робот HUBO ќе биде исто во главното внимание оти тој наскоро може да биде роботот кој претставува сериозна замена за човекот

Кои се прогнозите за оваа година?

Ќе се давиме во нафта – пазарите би можеле да се удават во залихи откако беше постигнат договор со Иран за производството на нафтата, што пак го поплочува патот за нови намалувања на цените.

Луѓето ќе донесат катастрофа на земјата – Стивен Хокинг предупреди дека нуклеарната војна, глобалното затоплување и вирусите од гентското инженерство преставуваат закана за човештвото, што пак ќе биде проследено со нови научни достигнувања кои ќе креираат „нови начини преку кои работите ќе да одат на лошо“.

ЕУ ќе ги промени правилата за мигрантите – Брисел ќе укине законите кои  ја прават првата земја во која беглаците ќе влезат да биде одговорна за било какви азилантски барања, ќе направи револуција во мигрантската политика во европските блок и ќе го помести товорот од јужните земји кон побогатите северни членки.

Парадокс на автоматиката – грижите дека зголеменото автомизирање и употребата на роботите ќе водат до масивна невработеност се погрешни. Работниците ќе имаат поголеми можности за вработување ако нивните занимања бидат подобрени со некоја диплома за комјутерска автоматика. И секако – тие треба да научат како да ги употребуваат новите комјутерски алатки.

Сајбер напади – нов бран на сајбер напади ќе се случуваат оваа година откако државите ги извадија ракавиците после договорот постигнат со Иран. Сајбер напади на енергетските полиња во Украина и банките во Турција минатиот месец,  се само најава за она што доаѓа

Давос 2016 низ бројки
Davos

11.000 е популацијата во Давос

30.000 е популацијата во Давос за време на овој состанок

1.074 извршни директори или претседатели на управи учествуваат на форумот

40+ светски лидери се дел од Светскиот економски форум

45 врвни научници се исто меѓу учесниците

18% од учесниците се жени

4 се добитници на Греми награди (Bono (U2), Will.i.am, Yo-Yo Ma, Peter Gabriel)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×