Обработено од Капитал
Ја сакам Европа и ѝ посакувам се најдобро. Но, Европа не се движи во вистинската насока во последните неколку децении. Имавме таков конвенционализам во Вашингтон, и кај европските претставници. Тие мислеа дека единствениот начин за раст е да се зголемат државните инвестиции, државните трошоци … дека миграцијата е прифатлива, дека увозот од странство е исто така прифатлив, дека работни места на дојденци, според индикациите, треба да се прифатат, дека зелената енергија треба да се користи, што всушност е измама и дека земјите треба да увезуваат сосема ново население од далечни земји.
Тоа беше патот на Џон Бајден, на неговата администрација и многу други западни влади. Тие беа заспани. Тие очекуваа да ги збогатат земјите на овој начин, но резултатот беше огромен дефицит.
Суров дефицит базиран на најголемиот бран на масовна миграција во човечката историја, ништо слично досега не е видено. Многу делови од светот се уништуваат пред наши очи, а лидерите едноставно не разбираат што се случува. Никој не презема ништо во врска со тоа. Имавме свои експерти кои имаат план да го прекинат овој модел, да ја прекинат рецесијата и инфлацијата.
Наместо да градиме ветерници што губат пари, ги уриваме. И повеќе не ги одобруваме. Наместо да им даваме моќ на бирократите, ги отпуштаме бирократите и тие сега се вработени во приватниот сектор. За два или три пати поголема плата од државната.
Прво ме мразеа кога ги отпуштив, а сега ме обожаваат. Наместо да ги зголемуваме даноците, ние ги намалуваме, ги зголемуваме царините за производите од странство за да ја покриеме добиената штета.
Отстранивме околу 270.000 бирократи за една година. Најголемото намалување на државната служба од крајот на Втората светска војна, никој не го очекуваше, но ја донесовме таа одлука затоа што рековме дека ако сакаме нашата земја да биде успешна, не можеме да имаме толку многу федерални работни места. Тоа е дефицит во федералниот буџет. Ја намаливме инфлацијата од рекордните максимуми поставени од администрацијата на Бајден. Инфлацијата во тоа време растеше месец по месец. Ветив дека ќе укинувам 10 регулативи за секоја нова регулатива што ќе ја донесам, а всушност укинав 129 регулативи во овој момент.
Во јули ги намаливме даноците, најголемото намалување на даноците во историјата. Бакшишот повеќе не се оданочува. На компаниите навистина им се допаѓа тоа. Ако градат нова фабрика, некогаш беше потребно 30-40 години за да ја вратат инвестицијата, сега повратот оди многу побрзо. Тоа е чудесен успех, никој не веруваше дека е можно.
Веќе во првата година видовме одлични резултати, го намаливме Големиот трговски дефицит преку зголемување на царините, кој беше најголем во историјата на светот. Губевме повеќе од еден трилион долари секоја година и тие пари едноставно беа потрошени залудно. Но за една година, денес, го намалив нашиот трговски дефицит за неверојатни 77%. И сето тоа без инфлација. Луѓето мислеа дека тоа не е можно.
Имаше некои брилијантни луѓе кои веруваа дека го правам правилното. Јас верував дека го правам правилното. Ќе видите дека извозот од Америка расте за 150 милијарди долари и дека извозот се удвојува од месец во месец.
Изградбата на фабрики се зголеми за 41%, а таа бројка ќе продолжи да расте уште повеќе бидејќи моментално сме во процес каде што дозволите се издаваат брзо. Во тој процес, склучивме историски договори со 40% од најголемите компании од најголемите земји во светот. Европските земји се наши партнери, потоа Јапонија, Јужна Кореја, и тие се наши партнери. Склучивме големи договори особено во областа на гасот и нафтата. Имаше голем развој на берзите, не само во Америка, туку и во Европа.
Значи, ние стануваме центар. Ѓи запревме лошите енергетски политики кои имаа негативни ефекти. Значи, има загадувачи што Бајден ги фаворизираше. Па, сега, луѓето се прашуваа зошто цената на бензинот се зголемува за околу 5 долари – 7 долари за галон.
Некомпетентни луѓе на Бајден ги затвораа фабриките за производство на гориво затоа што не знаеја што прават. Според сегашните наши наоди, производството на природен гас во Америка е на рекордно високо ниво. Нашето производство на нафта се зголеми на 730.000 барели дневно. Земавме 50 милиони барели само од Венецуела.
Венецуела беше успешна долго време, а потоа водеа некои лоши политики. 20 години имаа проблеми, но сега им помагаме. И тие 50 милиони барели ќе ги споделиме со нив, и тие ќе заработат повеќе пари. И ќе видите, Венецуела наскоро ќе биде многу успешна. Многу сме благодарни за соработката што ја имавме со нив откако заврши нападот. Кога заврши нападот, рекоа ајде да се договориме. Повеќе луѓе треба да го сторат тоа. Во Венецуела ќе заработат повеќе пари во следните шест месеци отколку што заработиле во изминатите 20 години.
Секоја голема национална компанија соработува. Убаво е да се види тоа. Цената на горивото падна на околу 2,30 долари во повеќето држави. Наскоро просекот ќе биде помалку од 2 долари за галон. На многу места падна уште пониско, на 1,95 долари за галон. Во многу земји, цената е 1 долар 99 центи. Тоа е неверојатен податок што никој не го знае.
Потпишав наредба за изградба на нови нуклеарни реактори. Порано не бев обожавател на тоа поради ризикот и опасноста, но во оваа технологија постигнавме огромен напредок, неверојатен напредок во безбедноста. Значи, ние влегуваме и во светот на нуклеарната енергија и сега ќе имаме добри цени и безбедна енергија. Лидери сме во вештината.
И ние сме значително пред Кина, делумно затоа што им дозволив на големите компании да градат свои електрични и енергетски капацитети, свои енергетски централи, што кога сè ќе се собере е повеќе од нешто што го прави која било земја било каде во светот. Читав за тоа колку енергија произведува Кина. Треба да оддадеме признание. Произведуваме исто толку, или дури и повеќе енергија. Многу сум горд, и тоа беше моја идеја. Реков, ни треба повеќе од двојно поголема енергија од онаа што ја имавме во земјата, само за да го покриеме полето на вештачката интелигенција. И ја реализирав таа идеја. Им реков, вие сте одлични, брилијантни луѓе, имате доволно пари, па ајде да видиме, изградете свои електрани. Тие не ми веруваа, на почетокот. Многу од овие луѓе во оваа просторија не ми веруваа, но јас реков не, не, можете вие. Рекоа, мислевме дека се шегуваш. На почетокот ми кажаа дека мислат дека се шегувам, а јас им ги дадов дозволите за две недели.
Соединетите Држави избегнаа катастрофален енергетски колапс што ги погоди европските земји по таа измама со зелената енергија. Можеби најголемата измама во историјата. Затоа, ветерници се градат насекаде, уништувајќи ја вашата земја, а губејќи пари. Затоа, парите треба да се заработат од енергија, а не да се трошат. Во Европа видовме дека радикалната левица се обиде да го наметне тоа во Америка. Резултат – Германија сега произведува 22% помалку електрична енергија отколку во 2017 година.
И тоа не е вина на сегашниот канцелар. Тој се обидува да го реши тој проблем и одлично му оди. Тој проблем се појави пред да биде избран, веројатно е избран заради тоа. Денес цената на електричната енергија е за 64% повисока.
Велика Британија произведува само една третина од вкупната енергија од сите извори во споредба со 1999 година! Замислете само една третина, и тоа го направија. Во Северното Море, што е една од најголемите резерви насекаде во светот, но тие не го користат. И тоа е една од причините зошто имаат катастрофално ниски нивоа на енергија и високи цени. Само помислете. Значи, една третина во споредба со производството од пред неколку години. Тие дури и не го истражуваа Северното Море, воопшто не им дозволија на луѓето да дупчат.
Земаат 92% од приходите, и затоа нафтените компании воопшто не сакаат да се занимаваат со тоа. Ме замолија да помогнам. Сакам Европа да биде успешна, сакам Велика Британија да биде успешна. Одличен извор на енергија во Северното Море што не го користат. Дури и нивните цени на електричната енергија скокнаа за 139%. Ветерници низ цела Европа, ветерници насекаде, каде води тоа? Тие губат пари. Нешто што го забележав е дека колку повеќе ветерници има една земја, толку повеќе пари губат, и лошо се справуваат. Кина произведува речиси сè. И повторно не најдов никакви ветерници во Кина. Дали некогаш сте размислувале за тоа? Кина е многу паметна, ги произведува, ги продава скапо, ги продава на идиоти кои ги купуваат, но самите не користат ветерници. Има неколку ветро паркови во Кина, но тоа е чисто како пример за да можат другите луѓе да видат како изгледа. Тие најчесто користат необработено земјиште.
Но, Кина користи јаглен, нафта, гас, сега малку се фокусираат на нуклеарна енергија. И им оди сосема добро. Заработуваат многу пари. Но, тие исто така ми велат дека се шокирани што луѓето продолжуваат да купуваат ветерници што го расипуваат пејзажот, ги бркаат птиците. Ги купуваат глупави луѓе. Последиците од таквите деструктивни политики, се послаб економски раст, пониски стапки на развој, пониски стапки на наталитет…
Економскиот раст и контролата на имиграцијата мора да бидат најважните прашања за сите луѓе кои сакаат да видат силен и обединет Запад, бидејќи Европа и тие земји мора да го направат она што мора да го направат. Значи, тие мора да излезат од таа култура што ја создадоа во изминатите десет години. Ужасно е што си направија себеси, како се уништуваат себеси, како го уништуваат ова прекрасно место. Сакаме силни сојузници, сакаме Европа да биде силна. Сето ова се прашања од национална безбедност.
Дали сакате да кажеме нешто за Гренланд?
Ќе го изоставев од говорот, но мислам дека е… Мислев дека нема да зборувам за тоа, но потоа помислив дека вашата реакција ќе биде многу негативна.
Имам голема почит кон народот на Гренланд и кон народот на Данска. Но, секој сојузник на НАТО има обврска да ја брани својата територија. Фактот е дека ниедна нација или група нации не е во позиција да го обезбеди Гренланд. Освен Америка. Ние сме голема сила, многу поголема отколку што луѓето дури и мислат. Мислам дека го видоа тоа пред две недели во Венецуела. Го видовме ова во Втората светска војна кога Данска падна под Германија по само шест часа борба. Таа беше целосно неспособна да се одбрани себеси, или Гренланд. А потоа Америка беше принудена. Се чувствувавме обврзани да ги испратиме нашите сопствени сили да го задржат Гренланд и го сторивме тоа. Со големи загуби, со големи трошоци.
Го браневме, воспоставивме бази во Гренланд за Данска. Всушност се боревме за Данска. Не се боревме за никој друг освен да го спасиме Гренланд за Данска. Тоа големо парче мраз, тешко е да се каже дека е копно, туку парче мраз, но го спасивме Гренланд и успешно ги спречивме нашите непријатели да направат база на нашата хемисфера. Го направивме тоа и за себе.
А потоа, по војната во која победивме, и тоа убедливо. Без нас, сега сите ќе зборувавте германски, а можеби и малку јапонски. По војната, го вративме Гренланд на Данска. Колку бевме глупави што го направивме тоа, но сепак, го направивме, па го вративме. Но, колку се неблагодарни сега. Сега нашата земја и светот се соочуваат со многу поголеми ризици од кога било досега поради нуклеарно оружје и други за кои не ми е дозволено да зборувам.
Гренланд е огромна територија, претежно ненаселена и неразвиена. Се наоѓа на клучна стратешка локација помеѓу Русија, Кина и Америка, во средината на тој простор. Кога го вративме Гренланд, тоа не беше без друга причина. Се шпекулираше. Нема такво нешто како ретки земји и метали. Ги обработуваме тие стотици метри мраз. Ретки материјали, но за да се стигне до тоа треба да се дупчи, значи многу дебел слој мраз, но не го сакаме тоа место поради минералите. Го сакаме тоа за стратешка безбедност.
Овој остров е всушност географски дел од Северна Америка, се наоѓа на границата на Северната хемисфера, наш е. И од тоа е во основен безбедносен интерес на Америка. Никогаш не сме биле посилни од сега. Токму затоа се обидуваме да го купиме Гренланд веќе два века, требаше да го задржиме по Втората светска војна.
Данска рече дека ќе потроши над 200 милиони долари за зајакнување на одбраната во Гренланд, но потрошиле помалку од 1% од таа сума. Не можете ни да видите никакво данско присуство таму. Велам дека имам големо почитување кон Данска, чии лидери се одлични. Но, само Америка може да ја заштити оваа огромна територија, ова огромно парче мраз. Да го направи добро и безбедно за Европа и безбедно за нас. И затоа сум подготвен за преговори за приклучување кон Гренланд. Страна на Соединетите Американски Држави, како што сме припоиле и други територии во нашата историја, како што многу европски нации имаат анектирано територии, нема ништо лошо во тоа.
Постојат големи територии низ целиот свет кои се вратени. Жал ми е. за оригиналните сопственици, ова не е ништо необично. Но ова не е закана за НАТО, ова ќе ја зајакне безбедноста на целата Алијанса, НАТО Алијансата, Соединетите Американски Држави. Даваме толку многу, а добиваме толку малку за возврат. Го критикувам НАТО со години. И направивме повеќе за да му помогнеме на НАТО, направив повеќе за да му помогнам на НАТО од кој било друг претседател. Ги поканив да бидат вклучени за време на мојот прв мандат. Војната во Украина е пример. Ние сме оддалечени неколку илјади километри. Огромен океан. Тоа е војна што никогаш не требаше да започне и немаше да започне ако претседателските избори во САД во 2020 година не беа наместени.
Во меѓувреме, сите го откривме тоа. Наскоро луѓето ќе бидат изведени пред лицето на правдата за она што го сториле. Тоа можеби е нова вест сега, но ете. Тоа беа наместени избори. Медиумите во моментов се ужасни, корумпирани се, пристрасни се. И губат кредибилитет.
Победив на секој можен начин, а добив само негативни извештаи во медиумите. Ова значи дека медиумите не се кредибилни, а ние ќе го добиеме тој кредибилитет. Ви треба чесен фер печат.
Владимир Путин немаше да го стори тоа ако бев Претседател. Ужасно е што се случи. Ми беше јасно дека тоа ќе се случи откако ќе ме нема. Бајден издвои 350 милијарди долари за Украина, како и инфлацијата. Која беше целта на тие пари, освен да доведат до смрт, до губење на луѓе, а луѓето не го ценат она што го правиме кога зборуваме за НАТО, кога зборуваме за Европа. Тие го имаат тоа. Тие мора да се справат со Украина, ние не мораме, Америка е далеку, го имаме тој прекрасен океан меѓу нас, немаме никаква врска со тоа.
Луѓето мислеа дека ќе употребам сила. Не морам и не сакам да употребам сила. Она што Америка го бара е место наречено Гренланд, кое всушност веќе го имаме. Го имавме во Втората светска војна, а потоа го вративме во Данска кога се боревме против Германците, Италијанците, Јапонците и другите во Втората светска војна. Тогаш бевме моќна сила, но сега сме многу помоќни. Откако ја обновив војската во мојот прв мандат, а продолжуваме да го правиме тоа и денес, имаме буџет од 1,5 трилиони долари. Ги враќаме воените бродови, воениот брод Монарх и сега ги имаме овие бродови кои се неизмерно помоќни од оние прекрасни бродови од Втората светска војна. Мислевме дека можеме да избереме од многу.
Значи, она што го добивме од НАТО не е ништо. Освен обврската да ја заштитиме Европа од Советскиот Сојуз, а сега и од Русија. И го направивме сето тоа, и не добивме ништо, освен што плаќаме за НАТО. И многу години плаќавме, сè додека не дојдов јас, плаќавме, според мене, сто проценти за тоа, бидејќи тие не ги плаќаа своите сметки. Сега од поранешните 2% од БДП кои не ги плаќаа, плќаат 5%. И сè што бараме за возврат е да го добиеме Гренланд. Вклучувајќи го и правото на сопственост, бидејќи му е потребна сопственост за да се одбрани.
Не можеш да го браниш ако го изнајмиш. Прво, не е легално, и второ, психолошки проблем е. Кој сака да го брани? Некаков договор за наем! А тоа е големо парче мраз во средината на Северниот Океан. Ако имаше војна, ќе имаше многу акции, па авионите ќе летаа над него и така натаму. Она што го сакаме од Данска за национална и меѓународна безбедност, и за да ги спречиме нашите непријатели да ни се приближат е да изградиме златна купола на Гренланд. Која по својата природа ќе се бори и во корист на Канада. Ќе ја брани и Канада. Канада добива многу бесплатни работи од нас, и треба да биде благодарна. Но, не е особено благодарна, а треба да ни биде благодарна. Канада живее од Америка. Запомни го тоа, Марк, следниот пат кога ќе зборуваш.




















