Давос не понуди решение на проблемите со кои се соочува светот
Објавено на од во COVER STORY

World-Economic-Forum-Davos-2017 WEBЕлитата веќе не верува во глобализацијата

САД речиси седум децении беа лидери на проектот за глобализација и слободна трговија, а откако земјите во развој на чело со Кина се појавија на светскиот пазар како големи производители и извозници, сега се лидери на еден нов тренд на протекционизам и ставање на националната економија на прво место. Се погласно се зборува за фер, наместо за слободна трговија, во која домашните индустрии и пазари ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и ќе бидат ставени на прво место во економските политики на политичарите. Дали е ова време за Македонија и уште многу други земји во развој, кои беа и се уште се уверени дека економиите може да ги градат на евтино задолжување и со привлекување на странски капитал преку концептот на евтина работка рака, да ги променат политиките со кои ги изгубија домашните индустрии и потонаа во долгови кои се потешко се враќаат, заради тоа што станаа целосно неконкурентни во светската трговија?!

 

Светските политички и бизнис лидери кои учествуваа на Светскиот економски форум во Давос имаат многу причини за грижа. Светот се соочува со можеби најголемата неизвесност и криза во управувањето, како на економски, така и на политички план, по Втората светска војна. Повторно се зборува за национални економии, за затворање на границите, за подигдање на сидови, за воведување на големи царини, што за многу аналитичари потсетува на периодот пред Втората светска војна.

На годинешниот самит во Давос, на кој учествуваа основачот на Microsoft, Бил Гејтс, извршниот директор на JPMorgan, Џејми Дајмон, кинескиот претседател Си Џинпинг, како и уште 400 други светски бизнис и политички лидери, се дискутираше за многу проблеми со кои се соочува светот, меѓу кои и како да се подобри состојбата во економијата и како да се намали нееднаквоста во богатсвото кое станува се поголема.
Годинешната средба во Давос се случува во услови кога претседателот Трамп се закани да воведе увозни царини на важни партнери како Кина и Мексико, што пак се закакнува да поттикне глобална трговска војна. Резултатот од тоа би било крах на глобалниот систем на трговија и довербата кои помогнаа да се одржи мирот по Втората светска војна.
Очигледно, случувањата во изминатата година, почнувајќи од Брегзит, па се до изборот на Доналд Трамп, се спротивни на се она за што се залага Давос –економска глобализација и меѓународна соработка.
“После години на носење на товарот од губењето на работни места како резултат на глобализацијата и растечката нееднаквост, милиони луѓе кои никогаш не билe ни близу до швајцарското зимско одмаралиште Давос, конечно рекоа “што е доволно, доволно е”, изјави Ричард Куест во својата емисија на CNN. И не може да им се замери, вели Куест.

Покрај големата разлика во личното богатство кое се јавува на пример помеѓу 1% од најбогатите во споредба со останатите луѓе на планетата, се поочигледни се и разликите во развојот и богатсвото на земјите. На пример, додека повеќето земји од југот на Европа мака мачат да обезбедат минимален раст на економиите кои тонат во задолженост, економскиот лидер на Европската Унија, Германија, бележи рекорен раст на извозот, суфицити во трговијата и буџетот и рекордно ниска невработеност.
САД речиси седум децении беа лидери на проектот за глобализација и слободна трговија, а откако земјите во развој на чело со Кина се појавија на светскиот пазар како големи производители и извозници, сега се лидери на еден нов тренд на протекционизам и ставање на националната економија на прво место.
Се погласно се зборува за фер, наместо за слободна трговија, во која домашните индустрии и пазари ќе бидат заштитени од нелојална конкуренција и ќе бидат ставени на прво место во економските политики на политичарите.
За волја на вистината и во изминатите неколку децении на економска глобализација, големи развиени економии кои беа лидери во овој процес во ниту еден момент не дозволија овој процес на глобализација да им наштети на домашните компании и индустрии, не дозволија странските компании да имаат поголеми придобивки и поповолни услови за бизнис од домашните компании, не дозволија стратешките национални компании и индустрии да бидат купени од странци, не дозволија увоз на производи по дампинг цени и со непроверен квалитет и правеа многу јасна разлика помеѓу фер и нелојална конкуренција на пазарот.
За разлика од нив, Македонија и уште многу други земји во развој, кои беа и се уште се уверени дека економиите може да ги градат на евтино задолжување и со привлекување на странски капитал преку концептот на евтина работка рака, ги изгубија домашните индустрии и потонаа во долгови кои се потешко се враќаат, заради тоа што станаа целосно неконкурентни во светската трговија. Станаа тотално зависни од увоз и од задолжување, без визија каде се движат и кое е нивното место во светската трговија, и без идеја како да создада економија која отвара работни места и која креира подобар животниот стандард и поголеми приходи за граѓаните.
Сега дилемата која се наметнува е дали глобализацијата е вистинската причина заради која се случува се поголемата разлика меѓу богатите и сиромашните или пак причината е во погрешните модели на управување кои се практикуваа, а кои немаат никаква допирна точка со слободниот пазар и со слободната трговија?

Како и да е, Трамп покажа дека е сериозен за своите предизборни ветувања за заштита на американската економија, па политичките и бизнис лидери во Давос годинава најмногу беа фокусирани како да се подготват за промените кои се случуваат и кои допрва ќе се случуваат во светската економија.

Davos frejm 01
Лидерската улога на Кина

Уште пред официјално да почне самитот во Давос, Кина веќе беше на насловните страници во светските медиуми. Не само што кинескиот претседател Си Џинпао е првиот претседател на Кина кој дошол на Давос, туку тој со себе годинава ја донесе најголемата кинеска делегација.

Во својот говор Џинпинг се наметна како шампион на економската глобализација.
Претседателот на Кинависоко го подигна паднатото знаме на глобализацијата, уверувајќи дека и покрај противењето на Западот, Кина ќе ги заштитува принципите на глобализацијата, верувајќи дека овој процес се уште има моќ да ги промени животите на луѓето на подобро.

“Повеќето од проблемите кои денеска го мачат светот не се предизвикани од економската глобализација”, изјави Џинпинг во својот говор, во кој многу аналитичари видоа најава за новата лидерска улога на Кина во светската економија.

Според Џинпин, протекционизмот е како да се заклучиш во темна соба, ограничувајќи го пристапот до воздух и светлина.

Во своето излагање тој категорично ја критикуваше позицијата на Доналд Трамп да ја постави Америка на прво место.

Она што беше очигледно за многумина посетители годинава во Давос е намаленото американско влијание. Оваа година многу дискусии се претвориле во барање решение за тоа како светот ќе се справи ако САД одбијат да бидат лидери за прашањата од меѓународна трговија, па се до човечки права и заштита на животната средина.
“Треба да се подготвиме за нов свет, во кој Америка е пречка за меѓународната трговија”, изјави Кишор Махбубани, професор за јавна политика на Националниот универзитет во Сингапур.

Ројтерс и други водечки западни медиуми коментираат дека додека западните демократи се во криза под притисок на популистите и националистите, обраќањето на Џинпин кон политичарите, банкарите и водечките менаџери во Давос е предвесник на разместувањето во светскиот геополитички пејсаж.
Говорејќи пред аудиториумот во кој беше и екс-вицепретседателот на САД, Џо Бајден, кинескиот државен врв го поистовети протекционизмот со затворање во темна соба во која ќе се стопира и влезот на секаква светлина и воздух, “Никој нема да излезе победник од една трговска војна”, изјави кинескиот претседател.
И додека Пекинг ги испитува можностите Кина да стане економски светски лидер, Доналд Трамп отворено зборува за протекционизам.

Davos frejm 02
Неуспех на глобализацијата

Една од главните теми за кои се дискутираше на годинешниот смит во Давос е неуспехот на процесот на глобализација. Многу западни лидери почнуваат да веруваат дека глобализацијата не обезбедува подеднаков развој за сите и дека нема лек за растечката нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните.
Според нив, неуспехот на глобализација да обезбеди подеднаква корист за сите е причината за растечкиот популизам во светот.

Најголемиот дел од бизнис лидерите кои беа присутни на Давос сметаат дека токму порастот на популизмот во развиените земји, кој подразбира и негативен однос кон глобализација е најголема грижа за учесниците на глобалниот пазар и најголема закана за светската економија.

“Популизмот не е само верување дека глобализацијата е виновна за големата разлика во богатството. Тоа е прашање на национализам, на добивање на поголема контрола и зголемен поларитет. Левичарите стануваа полеви, а десничарите стануваа подесни и динамиката со која тоа се случува го прави популизмот најважно прашање на глобално ниво”, вели Реј Делио, основач на најголемиот хеџ фонд во светот Bridgewater Associates, кој управува со актива од 150 милијарди долари.

Според економскиот нобеловец Нуриел Рубини главното чувство кое преовладувало годинава на Давос е дека ја живееме најголемата геополитичка промена која не е видена уште од крајот на Студената војна.

“Ако САД беагаат од глобализацијата, ќе и дадат шанса на Кина да стане шампион во слободната трговија. Но, Кина не е глобален лидер. Кина е само една од растечките сили. Се движиме кон свет во кој ќе има повеќе големи сили. Овие големи сили или ќе работат заедно, или ќе има растечки поделби и конфликти во поглед на трговијата и валутите, економијата и финансиите”, смета Рубини.

Кина лани придонесе со 39% во светскиот економски раст. Со популација од 1,3 милијарди, Кина е сега втора најголема економија во светот, по САД.
Но, повеќето се уверени еднопартискиот комунистички систем на Кина и строгите ограничувања кон странските инвестиции на кинескиот пазар бавно и тешко ќе ја претворат земјата во заштитник на слободните пазари, кои се синоним на глобалниот капитализам.

Повеќето европски лидери кои беа присутни на Форумот во Давос се уверени дека протекционистичките мерки на Трамп ќе имаат негативно влијание врз светската економија.
“Протекционистичките мерки на новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе имаат негативен ефект врз светската економија”, велиКристин Лагард, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Според нејзе, протекционистичките политики ќе ги поништат резултатите од мерките за поттикнување на економијата кои предизборни ги најави Трамп.
Лагард е уверена дека најголем губитник од растечката нееднаквост е средната класа, а оваа социјалната аномалија  ја поврзува со растечкиот феномен на популизмот.
Но, се ќе беше во ред со констатациите на Лагард, ако таа не беше предводник на институција како ММФ, за која во многу земји владее уверување деке е еден од виновниците за политиките на штедење кои им се наметнаа како излез од економската криза, а кои драстично ја зголемија нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните.

General Views Of Davos Ahead Of The World Economic Forum (WEF) 2017Вештачката интелигенција ќе ја смени економијата

Сергеj Брин, еден од основачите на Google и претседател на конгломератот Alphabet во својот настап во Dавас изјави дека се случува вистинска револуција на полето на развојот на вештачката интелигенција и брзината со која таа се имплементира во производните и деловни процеси. Во рамките на Google постои посебен тим за развој на вештачката интелигенција Google Brain и таа веќе се применува во речиси сите дејности на компанијата, вклучително и транспортот, фотографијата и маркетингот.
“Станува збор за вистинска револуција”, вели Брин.

Заговорниците на вештачката интелигенција и автоматизација на производните процеси ја истакнаа потребата од промени во индустријата, од законодавни па се до технолошки.

Брин истакна дека технолошкото напредување се случува многу хаотично и дека за последиците од овој процес би требало да се води многу поширока дебата, бидејќи ќе биде потребно прилагодуање на денешните општества.

“ Тоа се моќни и длабоко филозофски прашања на кои не сум уверен дека ги имаме вистинските одговори”, изјави Брин.

Со малку пооптимистичен тон, Брин истакна дека новите технологии им овозможуваат на луѓето на многу подобар и покреативен начин да го користат своето време, бидејќи технологијата им ги олеснува многу од обврските кои ги имаат.

“Живееме во волшебно време и многу е тешко да се предвиди што се може да се направи. Нашите можности се бескрајни”, смета Брин.

Бизнис лидерите бараат нови извори на приходи

Бизнис лидерите на Светскиот економски форум имаат и уште една голема дилема која се трудат да ја решат- како да најдат извори на нови приходи во услови кога светската економија бележи ниски стапки на раст.
Една деценија после финансиската криза, инвеститорите сакаат да видат заработки на компаниите кои не се генерирани исклучиво преку намалување на расходите, туку со фокус на зголемување на приходите.
Меѓутоа, во глобалните компании и понатаму преовладува внимателност-довербата на менаџерите за краткорочните бизнис зделки и понатаму е ниско.
Годинешното истражувае на консултантската куќе Pricewatershouse-Coopers (PWC) во кое учествуваа над 1.300 извршни директори на глобални компании, покажува дека 36% од нив се удедени дела во следните 12 месеци приходите на нивните компании ќе се зголемат. Пред една година 40% од менаџерите очекувале краткорочен раст на приходите. Само десетина компании од 1.200 чии акции се дел од индекстот S&P Global 1.200 успеале да остварат раст на приходите во изминатите 3 години.

Борејќи се со трендот на бавен економски раст, клучна способност за компаниите е да освојат што поголеми пазарни удели со помош на целно таргетирани и флексибилни стратегии.
Главниот фокус на глобалните бизнис лидери сега е како да пронајдат паметни начини да ги зголемат продажбите на постојните пазари. За многумина, тоа вклчува приена на дигитална технологија со цел да го одржат чекорот со промените во начинот на кој потрошувачите купуваат производи и услуги.
Се бараат и нови можности. Така на пример компаниите кои продаваат луксузни производи агресивно ја градат својата мелопродажна мрежа. Некои компании се потпираат на географско ширење за да ги зголемат своите приходи.


Факти за Давос
  • На Светскиот економски форум во Давос годинава учествивале околу 2.000 луѓе.
  • Просечната старост на учесниците е нешто под 50 години.
  • Најголем дел од нив се мажи, а само 20% од учесниците се жени.
  • Учесниците се претставници на 1.000 организации од 100 земји, а најголем дел од нив се од Западна Европа и Северна Америка.
  • За да учествува некој на Давос мора да добие покана за учество од Светскиот економски форум кој е организатор на овој настан за кој мора да се плати котизација.Трошокот за учество на овој Форум е многу висок, иако тоа ретко се лични пари и тие се одбиваат од основата за оданочување.
  • Постои една основна карта која дозволува учество во генералните сесии. Треба да се плати дополнителен надомест ксо кој учесниците добиваат статус на Industry Associate, со што им е дозволено учество во приватни сесии. 

Jack Ma, Founder and Executive Chairman of Alibaba Group addresses the Economic Club of New YorkЏек Ма, основач на кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba
До пред 10 години, глобализацијата беше совршена стратегија за САД, на која заработија милијарди долари

На годинешниот Форум во Давос говореше и Џек Ма, основачот на кинескиот гигант за онлајн продажба Alibaba кој за многумина многу точно го лоцирал проблемот кој ја мачи Америка.
Пред десетина година глобализацијата беше совршена стратегија за САД. Американските компании размислуваа: сакаме само технологија и интелектуална сопственост и бренд, а останатите работи ќе им ги препуштиме на Кинезите и Мексиканците. И со таквото размислување заработија милијарди долари од глобализацијата”, вели Ма.
Кога дипломирав сакав да купам пејџер кој чинеше 250 долари, а месечна плата беше 10 долари, раскажува Ма.
“IBM и Microsoft тогаш праве поголеми профит од четирите најголеми кинески банки. Каде отидоа сите тие пари? Кинезите пред 30 години слушнаа за Ford и Boeing, а денес зборуваат за фирми во Силиконската долина и Wall Street. Во истиот период, САД потрошија многу пари на надворешни конфликти. Во последните 30 години Америка потрошиле 14,2 милијарди долари на 12 војни кои се воделе на странско тло. Колку и да била добра вашата стратегија требало да трошите повеќе пари на сопствените луѓе”, порача Џек Ма во својот говор во Давос.


maxresdefault WEBХан: Да се размисли за единствен пазар на Балканот

На Светскиот економски форум во Давос не беше присутен никој од Македонија, но затоа беа присутни српскиот премиер Александар Вучиќ и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кои се пофалија дека имале многу продуктивни средби со многу светски лидери на кои присуствувал и еврокомерсарот за проширување Јоханес Хан.
Еврокомесарот Хан изјавил дека треба серизно да се разгледа опцијата за формирање на единстевн пазар на Балканот, кој би бил привлечен и за европските компании.
“Гледавме во иднината на регионот и единствен пазар на Балканот може да биде многу допра опција. Треба да се подобрат животните услови и да се создадат нови работни места, што е единствено можно ако направите голем атрактивен пазар. Ако тој пазар има 20 милиони потрошувачи, тоа ќе биде многу интересно за европските компании. Јасно е дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ со сите негови можности и перспективи. Треба многу да се сработи, но треба да се има визија што ќе биде вашата крајна цел”, истакнал Хан.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×