Давутоглу, поранешниот турски премиер, во работна посета на Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, синоќа го пречека и оствари средба со поранешниот премиер на Република Турција и актуелен пратеник, Ахмет Давутоглу, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

„Давутоглу, кој е во тридневна работна посета на земјата, по средбата со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе оствари и посета  на Кабинетот на Министерот задолжен за странски инвестиции Ќахил“, соопштија од кабинетот на министерот.

Во рамки на тридневната посета на земјата, Давутоглу ќе оствари средби и со претседателот Ѓорге Иванов. Предвидено е тој на 28 септември да се обрати на панел дискусијата за „Перцепцијата на Република Турција во Република Македонија“, во организација на Здружението на дипломирани студенти од Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×