Деблокирана сметката на Макпетрол. Продолжува следењето на трансакциите.
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
_MakPetrol_Сметката на Макпетрол е доблокирана. Кривичниот совет ја послуша препораката на Јавното обвинителство од пред два дена за одмрзување на работењето на најголемата нафтена компанија. Сепак  Основниот Суд Скопје 1 наложи на финансиските институции и понатаму привремено да ги следат платниот промет и трансакциите на сметките на Макпетрол АД Скопје и Оилко Скопје.

„Кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го в предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Основен суд 1.

Сметките на Макпетрол беше блокирани откако минатата недела МВР поднесе кривични пријави за 21 лице, меѓу нив и за првиот човек на компанијата Андреа Јосифовски, членови на управниот и надзорниот одбор, како и за лица од централниот депозитар и комисијата за хартии од вредност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×