„Дејли Телеграф“: Меј размислува за втор референдум за Брегзит
Објавено на од во Политика
Британската премиерка Тереза Меј ја разгледува идејата да му предложи на Парламентот во Лондон да распише втор референдум за Брегзит, тврди лондонскиот весник „Дејли Телеграф“.
Tereza Mej Bregzit
Според весникот, промената на ставот на Меј, која досега беше категорично против нов референдум, доаѓа во време кога таа се обидува да постигне компромис со лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, со цел лабуристите да го поддржат усвојувањето на Договорот за Брегзит во Парламентот.
Сепак, како што посочува „Дејли Телеграф“, многу лабуристи, вклучително и самиот Корбин, не ја поддржуваат идејата за втор референдум за Брегзит.
Меј со обидува да обезбеди усвојување на овој документ во Долниот дом на Парламентот, со цел да избегне Брегзит без договор на 12 април. За истата цел, Парламентот синоќа усвои закон со кој се обврзува Владата да побара од лидерите на ЕУ ново одлагање на Брегзит.
Владата на Меј беше против овој закон, бидејќи тој може да го ограничи нејзиното поле за маневри во преговорите со лидерите од ЕУ.
Парламентот денеска ќе расправа за тоа до кога да се пролонгира рокот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
Меј инсистира Брегзит да биде одложен до 30 јуни, за што и официјално поднесе барање до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. За оваа барање на Меј, шефовите на држави или влади на членките на ЕУ ќе расправаат на утрешниот Самит во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×