Декември 2018 со 13,6% повеќе одобренија за градба од истиот месец 2017, објави ДЗС
Објавено на од во Економија

Издадени се 13,6% повеќе одобренија за градење во декември минатата година  во однос на декември 2017 година.

zgradi

Според податоците од Државниот завод за статистика во декември лани издадени се 292 одобренија за градење,  а предвидената вредност на објектите изнесува 8.519.871.000 денари, што е за 392,4% повeќе во однос на декември 2017 година.

172 одобренија, односно 58,9% од вкупниот број издадени одобренија за градење се наменети за објекти од високоградба, а додека 42 одобренија, т.е 14,4% за објекти од нискоградба и 78 одобренија, односно 26,7 % за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, како инвеститори на на 185 објекти, односно 63,4% се јавуваат физички лица, а инвеститори на деловни oбјекти,  107, односно 36,6%.

Според извештајот, во наведениот период предвидена е изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37.669 метри квадратни.

Најголем број на станви (161) се предвидени во Југозападниот регион, односно, 98 во Струга  и 58 во Охрид, во Полошкиот регион 51 стан, 43 во Југоисточниот, а во Скопскиот 38 станови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×