Деловната доверба во Германија се влоши над очекувањата
Објавено на од во Економија
Индексот на бизнис климата во Германија падна на 94,3 поени во август од највисоко ревидинарите 95,8 поени во јули, пресметан од Економскиот институт „Ифо“ во Минхен.
germany-engschools_resize_mdПодатоците за август, што укажуваат на петти последователен месец на опаѓање, се пониски од очекувањата на аналитичарите од 95,1 поен.
„Постојат сè повеќе индикатори за рецесија во Германија – рече претседателот на „Ифо“, Клименс Фуест.
Песимизмот на компаниите е во порасти се се’ помалку задоволни од тековната деловна состојба кога станува збор за наредните месеци, додаде Фуест.
Последниот пат кога компаниите во индустријата покажаа ваков песимизам беше за време на кризата во 2009. година. Ниту една светлa точка не може да се види во ниту една од клучните индустрии на германската економија – рече претседателот на „Ифо“.
Германските извозници, кои многу зависат од извозот, се соочуваат со послаба странска побарувачка, тарифните спорови и несигурна деловна состојба поврзана со одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.
Германската економија падна за 0,1 процент во април-јуни како резултат на падот на извозот, а германската централна банка (Бундесбанк) минатиот понеделник соопшти дека домашната економија ќе продолжи да оди надолу во текот на летото, бидејќи индустриското производство ќе се намали како резултат на недостаток на нарачки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×