Деловно станбен комплекс од 300 милиони евра ќе се гради кај Скопски саем
Објавено на од во НАВИГАТОР
navigator 939 WEBИнвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави изградба на трговски центар, станбен комплекс и канцелариски парк со бруто изградена површина од над 250.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција се проценува на 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години. Овој комплекс ќе биде лоциран на просторот кај Скопскиот Саем.

 

Нов трговски центар треба да се изгради на празниот простор до Скопскиот саем. Инвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави дека првата фаза на изградба на трговски центар кој би се протегал на 45.000 метри квадратни со околу 2.500 подземни паркинг места треба да почне следната есен, а би бил готов две години подоцна. Со тоа, ова би бил најголем трговски центар во земјава.

Меѓутоа, освен трговски центар, инвеститорот најави и изградба на станбен комплекс и канцелариски парк со бруто изградена површина од над 250.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција се проценува на 300 милиони евра и би се реализирала во наредните пет до седум години.

Досегашната јама до Скопскиот саем се простираше на 80.000 метри квадратни, па се претпоставува дека идниот инвеститор ќе ги урне постојните објекти од саемот за да го изгради идниот повеќенаменски комплекс во Скопје.


Инвеститорот „Скопје Ист Гејт“ најави дека првата фаза на изградба на трговски центар кој би се протегал на 45.000 метри квадратни со околу 2.500 подземни паркинг места треба да почне следната есен, а би бил готов две години подоцна.

navigator 939 broki„Со оглед на успехот на Скопје Сити Мол и идентификуваната потреба малопродажните брендови да ја продолжат својата експанзија во Македонија, беше одлучено дека е одлична инвестициска можност да се изгради нов поголем трговски центар во Македонија. “Скопје Ист Гејт” планира да го развие новиот трговски центар во соработка со уште еден инвеститор. Со изградба ќе се започне есента 2018 година, а трговскиот центар се очекува да се отвори кон крајот на 2020 година. Локацијата и големината на новиот трговски центар се одлична можност за привлекување на нови малопродажни брендови во Македонија, покрај веќе присутните на пазарот“, коментираат од компанијата и додаваат дека особено внимание ќе се посвети на  унапредувањето на урбаното еко живеење. Планот на комплексот предвидува  градини и зелени површини по пример на модерните архитектонски тенденции.

Во соопштението испратено до медиумите се наведува дека во компанијата „Скопје Ист Гејт“ како мнозински акционер се јавува Balfin Group, групацијата која го изгради трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Balfin Group е една од најголемите регионални компании, присутна во 9 земји во светот со инвестиции во трговски центри, комерцијални и станбени недвижности и бројни малопродажни ланци на продавници

Просторот кај Скопски саем во минатото беше предвиден за изведба на проектот „Ера Сити“, кој започна да се гради во 2008 година. Градежните работи за изградба на деловниот објект запреа многу брзо по поставувањето на камен – темелникот, а во изминативе години се сменија неколку сопственици на земјиштето, но и најавите за натамошната намена на овој простор.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×