Денес почнува годишната средба на Билдерберг групата, поканета и српската премиерка Ана Брнабиќ
Објавено на од во Политика

bilderbewrgДенес во Торино почнува годишниот состанок на групата Билдерберг, кој годинава се одржува во Торино. Меѓу учесниците на денешниот состанок се генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, премиерите на Холандија, Марк Руте, на Белгија, Шарл Мишел, на Естонија Јури Ратас, како и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, потоа директорката на УНЕСКО, Орди Азулај, водечките луѓе на компаниите Фијат и Рајан Ер, како и многу други политички и бизнис лидери.

Состаноците на Билдерберг, во која членуваат многу светски моќни луѓе се одржуваат еднаш годишно, почнувајќи од 1954 година, а нивната главна е цел е негување и продлабочување на односите меѓу Европа и Северна Америка.
На годишните состаноци на Билдерберг групата се среќаваат помеѓу 120 и 140 политички лидери, експерти од областа на финансиите, претставници на академската заедница и медиумите.

Околу две третини од учесници се од Европа, а остатокот од Северна Америка.

Tеми на годинешниот состанок се растечкиот популизам во Европа, предизвиците од растечката нееднаквост, иднината на пазарот на работна сила, вештачката интелигенција, односите со Русија, лидерството на САД, Саудиска Арабија и Иран….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×