Денес почнува Startup Europe Week во Скопје
Објавено на од во Start-up

На иницијатива на DigitalAgendaEU со поддршка на Европската Комисија, StartUp Europe Week  почнува денес во Скопје.

Како што се вели во соопштението, за овој настан се погрижија локалните ко-организатори: Нина Николиќ, (претставник на StartUpSelfie и Brainster) Зоран Настески (претставник на Inception Enterprise), Игор Маџов (претставник на NewMan’s Business Accelerator), Јулиа Мицевска (претставник на CoSeed и MadiGroup) и Миле Бошков (претставник на Бизнис Конфедерација на Македонија).

Настанот започнува со презентација за можностите од ЕУ за стартапи во форма на кратко видео како најава на Европската Старт- Ап недела.

Присутните ќе имаат можност и да бидат дел од работилницата за развој на идеи и „pitching“ со Ивица Пениќ. Во 19:00ч. на приземјето започнуваат “speed networking” со извршни директори и претставници на стартапи.

Од 19-20:30 на првиот кат ќе има презентација во форма на “food corner” од страна на стартапи кои се од прехрамбената индустрија.

Истовремено (19:00-20:30) на вториот кат во “портокаловата соба”, сите заинтересирани идни претприемачи, ќе имаат можност да ја споделат својата идеjа во 30 секунди (elevator pitch) која ќе биде снимена и објавена од страна на тимот на Inception Entreprise . Оваа сесија е од натпреварувачки карактер, а за најиновативните идеи, ќе има награди и изненадувања од тимот на Smart up Centarot.

Во рамките на Европската Старт-ап недела поконкретно на 02 февруари во просториите на  NewMan’s Business Accelerator во Скопје, пак,  со почеток од 18:00 – 21:00 часот, ќе се одржи  настанот насловен како „Startup Founders Night Skopje“.

Во текот на настанот голем број на локални претприемачи и засегнати страни од Р. Македонија ќе бидат во можност да ги споделат своите искуства, да дискутираат за можности за стартапи и да се вмрежат.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×