Денеска нов протест пред Уставниот суд
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Граѓанската платформа Ајде за денеска во 17.30 часот најави нов протест пред Уставниот суд на кој ќе се ирази револтот од вчерашната одлука на Уставниот суд, со која на претседателот на државата му се дозволува да може да помилува осуденици за изборен криминал и луѓе на кои им се суди за изборни криминали.

Граѓаните прифаќањето на таквата иницијатива го сметаат за срамен чин, а Уставниот суд го окарактеризираа како соучесник во изборна криминализација.
“Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување. Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок. Во Македонија мора да се врати правдата, почитувањето на законите и пред сѐ, почитувањето на Уставот”, велат од “Ајде”.

12718226_10209370873052931_3986228924239538141_n

На вчерашниот протест граѓаните им покажаа црвени картони на уставните судии што гласаа „за“ прифаќање на оваа иницијатива, извикуваа „нема правда, нема мир“, а дел од нив фрлаа и јајца кон зградата на судот. Беа истакнати и испечатени и имињата на петте судии кои ја одобрија промената на Законот за помилување. Насобраниот народ побара оставки од уставните судии од Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Миркудова, Јован Јосифовски, кои се изјаснија “за” оваа иницијатива која ескпресно беше одобрена од Уставниот суд.

One thought on “Денеска нов протест пред Уставниот суд

  1. Edno e da se protestira, a drugo e da se vrshi pritisok. Pa oni se sudii i imaat pravo da nosat svoi mislenja, a ne mislenja na tolpa lugje. Posebno ne mislenja na destruktivna organizacija kako shto e SOROS, negovite televizii i vesnici, kako i platenicite. Ovde vo USA, i nie ne se slozuvame so odlukite na Vrhiovniot Sud vo Washington, no toa ne znaci deka treba da gi vregjame sudiite, ili da gi napagjame so grdi zborovi i scenarija.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×