Денеска нема работна група за медиумите – од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат дали ќе се вратат во преговорите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денеска  ќе нема средба на работната група во која се преговара за медиумската реформа, иако олеснувачот Питер Ванхауте вчера изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе се врати во преговорите. Владејачката партија на вчерашната средба ги напушти преговорите поради незадоволство од реакциите на предлозите на нејзиниот преговарачки тим. На односната средба требаше да се разговара за предлозите на меѓународната заедница што ги презентираше Ванхауте.

„Од ВМРО-ДПМНЕ ги напуштија преговорите. Ја разбирам нивната лутина и фрустрација, но ние се согласивме да ги прифатиме европските стандарди што се однесуваат на медиумите. Според тоа, секој треба да ги прифати овие договорени стандарди и од тоа всушност зависи иднината на медиумите. Се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на преговарачката маса и ќе постигнеме согласност“, изјави Ванхауте по поводот.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема информација за тоа како понатаму. Обвинија дека СДСМ се однесува фашистички кон медиумите и оти не се почитуваат европските стандарди. Од опозициската партија одговорија дека „расте нервозата кај Никола Груевски и неговите медиумски курири кои се во уплав од незапирливиот процес за средување на состојбите во медиумскaта сфера во Македонија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×