Денеска стартуваше новиот портал Извозници (Exporters)
Објавено на од во Економија

Денеска, среда 27 јуни,во 12 часот стартуваше првиот и единствен веб портал наменет за македонскиот извоз, Извозници (Exporters) www.izvoznici.mk . Порталот го издава Капитал Медиа Гроуп, кој е издавач на магазинот Капитал.

Sajt Izvoznici 2

Станува збор за веб портал кој практично е почеток на еден поширок проект кој има за цел да ја подигне свесноста на македонската економска сцена и пошироко во општеството за важноста на извозот на македонските компании.
Целта на порталот izvoznici.mk е да ја упати јавноста на добрите примери, победничките случаи, но и на предизвиците со кои извозниците секојдневно се соочуваат.

На овој портал ќе можете да прочитате и многу важни информации и податоци за подобро запознавање на регионалните и странските пазари, најважни информации за најзначајните трговски партнери, анализи и информации за балканскиот регионален пазар кои за македонските компании претставува огромна можност, за регионалните економски интеграции кои сега се заговараат и можностите за македонскиот извоз во такви рамки, информации за финансиската и институционалната поддршка која им стои на располагање од различни институции, информации за најважните настани и саеми, многу интересни интервјуа, како и разни истражувања и анализи кои би можеле да им бидат од корист при настап на странски пазари.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×