Денеска треба да биде издаден „совршениот биткоин“, со SegWit2x поделбата  
Објавено на од во hi-tech & business

На почетокот на минатиот месец требаше да се случи уште една поделба на биткоинот, таканаречениот hard fork, но, поради негодување на дел од биткоин заедницата беше откажана. Како што сега се покажува, екипата што стои зад идејата за зголемување на пропусноста на биткоин мрежата, за зголемување на блокот и слични подобрувања, сепак не се откажала.

SegWit2x поделбата ќе се случи денеска, и на овој начин ќе биде створен, како што најавуваат „совршениот биткоин“. Него ќе го „вози“ блокчеин со поголеми блокови (до 4 MB), пократок интервал на креирање на блокови (2,5 минути), како и бројни други технолошки подобрувања, како X11 енкрипција и други заштити од манипулации.

Сите сопственици на биткоин во моментот на SegWit2x издавањето ќе добијат од новиот bitcoin2x во иста количина, но сега е најавен и дополнителен новитет што би требало да мотивира поддржувачи на „форкот“. Имено, сега SegWit2x екипата најавува дека на сите нови сопственици на оваа криптовалута ќе им додели и пропорционален дел од биткоинот што моментално го држи мистериозниот Сатоши Накамото. Така, околу милион нови биткоини ќе бидат поделени сосем бесплатно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×